3.1. Законски решенија за пензиското и инвалидското осигурување Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување од 1993 година 232 старосната граница за пензионирање се зголеми: за жените, од 55 на 60 години, за мажите, од 60 на 63 години и најмалку 20 години работен стаж. Придонесот е зголемен од 18 на 20% од бруто-платата, а основицата за пресметување на пензиите се намали од 85% на 80%. За пресметка на пензиите е земен периодот од 10 најповолни години од вкупниот работен стаж на вработените, идни пензионери. Наредните промени во пензискиот систем се сметаше дека беа неопходни, бидејќи би станал неликвиден, со дефицит кој постојано ќе се зголемува. Потенцијалната закана за финансиската одржливост на ПИО се гледаше во: намалувањето на висината на придонесите за ПИО; неуплатата на пензискиот придонес или затајување на реалните плати на осигурениците од страна на работодавачите; зголемување на бројот на предвремените пензионирања; порастот на невработеноста; неоснованите откази; губење на работните места врз основа на технолошки вишок, стечај, или ликвидација на претпријатијата. Соодносот на бројот на осигурениците и пензионерите стануваше сè понеповолен(во 1991 тој изнесуваше 1:3), а исплатата на идните пензии се доведуваше во прашање. Со стапувањето на сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за ПИО од 2000 година 233 (почнувајќи од 2003 год.) започна нова реформа во пензискиот систем во самата поставеност и содржина. Се воведе тристолбен пензиски систем во РМ: 1. Прв столб(државен) – Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност претставува солидарен систем задолжителен за сите вработени, а средствата се наменети за финансирање на сегашните и идните пензионери; 2. Втор столб(приватен) – Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување се заснова врз штедење на придонесите на индивидуална сметка и нивно инвестирање, со што се формира парична маса која се акумулира и служи за исплата на пензијата на самиот осигуреник; 3. Трет столб – Доброволно капитално-финансирано пензиско осигурување овозможува дополнително пензиско штедење засновано на капитализација на уплатените средства поткрепено со даночни ослободувања(ги опфати новите вработените од 2005 год., а оние кои беа веќе вработени, имаа можност сами да се изјаснат). 232 Закон за пензиското и инвалидското осигурување:„Службен весник на РМ“, бр. 80/93. Измени и дополнувања на Законот се направени во: 1995, 1996, 1997. Со исклучок на 2002 год., Законот беше изменуван секоја година до 2012, кога се донесе нов Закон за ПИО. 233 Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување: „Службен весник на РМ“, бр. 24/00 248 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten