се предвиде да се стабилизира Фондот за ПИО и неговата одржливост за да се овозможи праведна и стабилна исплата на пензиите, а при тоа да нема зголемување на старосната граница и да нема замрзнување на пензиите. Исто така, се напушта постојниот критериум за задолжително членство во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување(втор пензиски фонд) на сите лица кои по 1 јануари 2003 год. првпат се вработуваат и за првпат се вклучуваат во задолжителното ПИО и се заменува со годината на раѓање, односно сите лица кои се родени по 1 јануари 1967 и се помлади од 40 години се должни да се зачленат во вториот пензиски столб. Со законските измени се уредува дека усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати годишно од 1 јанауари и 1 јули секоја година, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на старосната пензија. Исто така, се предлага дополнително усогласување доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Во 2019 год., согласно со начелата на социјална праведност, хуманост и солидарност се донесе Закон за социјална сигурност за старите лица 241 кои имаат над 65 години, а немаат 15 години работен стаж за да остварат редовна старосна пензија. Износот на државната социјална пензија се предвидува да биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. 3.2. Синдикатите и реформите во пензискиот систем Во споредба со останатите реформи во државата кои започнаа да се спроведуваат во транзицискиот период, пензискиот систем беше изложен на најголеми промени, кои започнаа уште од 1991 год., со цел за негова модернизација. За синдикатите реформата во пензискиот систем беше многу голем предизвик бидејќи се случуваше во„време-невреме“, кога илјадници работници беа во неизвесност за својата егзистенција заради започнатиот процес на приватизацијата на претпријатијата со општествен капитал и следствено на тоа: отказите, технолошкиот вишок, стечаите и ликвидацијата на претпријатијата, зголемување на бројот на невработени, неисплата на платите и придонесите или нивно доцнење и по повеќе години, навлегување во зоната на сиромаштија на голем број работници, итн. Ваквиот неповолен економски амбиент кај работниците и граѓаните влеваше недоверба и скептицизам за пензиските реформи. Синдикатите укажуваа дека не постојат економски предуслови за успешно започнување на пензиските реформи, со оглед на тоа што сè уште не беа на повидок очекуваните резултати од транзицијата во економската 241 Закон за социјална сигурност за старите лица:„Службен весник на РСМ“, бр. 104/19 252 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten