Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Пресмету­вањето на износот за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечна­та плата од претходната година. Можност за откупување на стажот имаат и членовите на семејството на осигуреник кој починал. За разлика од прет­ходното законско решение за докуп на стаж од 2015 год., кое имаше огра­ничено важење од една година, со овој Закон нема такво ограничување во важењето. 4. Реформи во јавната администрација Неминовен процес во услови на крупни општествени системски про­мени по независноста на Република Македонија, беа и реформите во јав­ната администрација. Вработените во овој сектор и нивните синдикати го прифатија овој процес, но бурно реагираа на тенденциите да не се почиту­ваат и да се скратуваат нивните права од работен однос. 4.1. Законски решенија за јавната администрација Непосредно по носењето на Уставот на РМ во 1991 год. се донесоа повеќе закони кои се однесуваа на реформите во јавната администра­ција. Како дел од Стратегијата за овие реформи(што ја усвои Владата на РМ во 1999 год.), во 2000 год. се донесе Законот за државните службеници. 243 Законот се однесуваше за целокупната државна служ­ба и се воведоа значајни промени во нејзината работа. Основана е и Агенцијата за државни службеници, како самостоен орган за под­дршка на развојот на државната служба. 244 Со Законот за остварување на предвремена пензија 245 од 2000 год. беше предвидено да се намалува бројот на вработените во јавната адми­нистрација. Синдикатот на УПОЗ не беше вклучен во процесот на носењето на овој Закон и до Уставниот суд на РМ поднесе Иницијатива за оценување на не­говата уставност. Уставниот суд на РМ донесе Одлука за негово поништу­вање оценувајќи дека се предизвикани повреди на уставниот поредок на државата. 243 Закон за државните службеници:Службен весник на РМ, бр. 59/00. Законот имаше 21 законски измени и дополнувања и 6 укинувачки одлуки на Уставниот суд. 244 Агенцијата за државни службеници продолжи да работи како Агенција за администрација со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници:Службен весник на РМ, бр. 167/10 245 Закон за остварување на предвремена пензија:Службен весник на РМ, бр. 37/00 ДЕЛ VI: РЕФОРМИ ВОЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 259