фондовите, агенциите, јавните претпријатија основани од РМ, општините, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, а не се опфатени со Законот за државните службеници) во 2010 год. се донесе Законот за јавни службеници. 250 И покрај тоа што беше потребно да се усогласат законите од оваа сфера со Законот за јавни службеници, тоа не се направи, што создаде правна невоедначеност. 251 Тоа ја наметна потребата во 2014 год. да се донесат Законот за вработени во јавниот сектор 252 и Законот за административни службеници, 253 со примена од февруари 2015 год. Административниот службеник може да биде: државен службеник и јавен службеник, во зависност од институцијата во која е вработен. Законот за судска служба 254 е донесен во 2014 год. и се однесуваа на: правата, должностите, одговорностите, системот на плати и надоместоци на плати на судските службеници(вработените со статус на административни службеници кои во судовите вршат: стручни, административни, информатички, статистичко-аналитички и материјално-финансиски работи). 4.2. Синдикатите и реформите во јавната администрација Како застапници на правата и интересите на своето членство од јавната администрација, синдикатите се соочуваа со многу предизвици за кои, најчесто, решенија се изнаоѓаа со протести и штрајкови. Синдикатите бараа реформите да не бидат за сметка на скратување на правата на работниците, односно ниту еден работник да не остане без работа или социјално незаштитен. Платите на вработените во јавната администрација беа исклучително ниски и требаше да се коригираат, но овој процес одеше многу 250 Закон за јавни службеници:„Службен весник на РМ“, бр. 52/10 251 Со Законот за јавни службеници, требаше да се усогласат: Законот за здравствена заштита; Законот за наука; Законот за основно образование; Законот за средно образование; Законот за високо образование; Законот за култура; Законот за ПИО; Законот за здравствено осигурување; Законот за капитално финансирано пензиско осигурување; Законот за царина; Законот за управата за јавни приходи; Законот за цивилно воздухопловство; Законот за радиодифузна дејност; Законот за енергетика; Законот за спречување на корупцијата; Законот за заштита на конкуренцијата, и бројни други закони со кои се воспоставуваа државни органи и организации чии вработени немаат статус на државни службеници, а пружаа јавни услуги. Законот за јавни службеници претрпе 6 измени и дополнувања, а Уставниот суд донесе 6 укинувачки решенија во периодот од 2011-2013 год. 252 Закон за вработените во јавниот сектор:„Службен весник на РМ“, бр. 27/14; Закон за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор:„Службен весник на РМ“, бр. 199/14; 27/16; 35/18 253 Закон за административни службеници:„Службен весник на РМ“, бр. 27/14; Закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници:„Службен весник на РМ“, бр.: 199/14; 48/15; 154/15; 5/16 254 Закон за судска служба:„Службен весник на РМ“, бр. 43/14 ДЕЛ VI: РЕФОРМИ ВОЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 261
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten