Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

1. Социјален дијалог Според МОТ, под социјален дијалог се подразбираат:Сите видови пре­говори, советувања и размена на информации меѓу претставниците на: владите, работодавачите и работниците, или меѓу самите социјални партне­ри, за прашања од заеднички интерес во врска со економската и социјал­на политика. Може да постои како трипартитен процес, при што владата е службена страна во дијалогот, или може да се води бипартитно, меѓу работ­ниците и управата(т.е. синдикатот и организациите на работодавачите), со или без целосна вклученост на владата. Процесите на социјалниот дијалог можат да бидат неформални или институционализирани, а често се комби­нација од двете. Може да се водат на национално, регионално или на ниво на претпријатие. Може да бидат секторски, меѓусекторски или нивна комби­нација.Универзален и траен мир може да се постигна само ако се заснова врз социјална правда(Устав на МОТ, 1919 год.). 1.1. Социјалниот дијалог како демократска придобивка за работниците Развиеноста на општествените демократски односи, економските и со­цијални права и интереси на работниците во една држава, секако е услове­на и од постоењето и степенот на развиеностa на социјалниот дијалог. Основна претпоставка за стабилна држава, дефинирана како социјална, е воспоставување социјална рамнотежа. Без тоа нема стабилно општество, а уште помалку шанса за прогрес. Социјалната рамнотежа се воспоставува преку социјалниот дијалог и консензус меѓу сите три носители на опште­ствената моќ: трудот, капиталот и државата. Воспоставувањето на социјална рамнотежа не зависи само од степенот на развојот на општествената заед­ница, туку и од консензусот меѓу трите социјални партнери.... 256 Социјалната држава подразбира, а) гаранција на елементарните социјал­ни права на работниците; б) обезбедување на социјален консензус меѓу тру­дот и капиталот со негово посредство или директно учество. Тоа значи дека важните економски проекти во државата, особено социјалните, ќе се обе­збедуваат врз основа на социјален дијалог и трипартитна соработка. 256 Јуршит Рифат, секретар на Советот на ССМ, од излагањето на Меѓународниот научен собир:Со­цијалната политика во периодот на трансформацијата од договорна во сопственичка и пазарна економија, Скопје, 26-27 мај 1994 год. 266 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)