Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Основата на социјалниот дијалог произлегува од повеќе меѓународни документи: y Европска унија Европската социјална повелба на Советот на Европа (1965), Единствениот европски акт(1987), Повелбата на заедницата за основните права на работниците(1989); Договорот од Мастрихт(1992) кој се однесуваше и на развивање на социјалната димензија; Догово­рот во Амстердам(1997) со кој на ЕУ ѝ се наметнуваат нови обврски за следење на остварувањето на Европската конвенција за основни­те човекови права и слободи; Директивата 2002/14/ЕЦ на Европскиот парламент и Советот на ЕУ. y Организација на обединетите нации Повелбата на ООН(1945), Уни­верзалната декларација за човекови права(1948), Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права(1966), Копенхагенската декларација на ООН(1995). Во рамки на ООН функционира Економ­ско-социјален совет како помошно тело на Генералното собрание. y Меѓународна организација на трудот, конвенциите број: 87, 98, 144, 154, 152, 91, како и препораките број: 113, 163, 152 и Резолуцијата за трипартитни консултации на национално ниво за економска и со­цијална политика. Во Република Северна Македонија социјалниот дијалог е регулиран во: Уставот на РСМ, Законот за работните односи, Спогодбата за формирање на Економско-социјалниот совет на национално ниво од 2010 год., спогод­бите за формирање на локалните економско-социјални совети. 1.2. Цел и суштина на социјалниот дијалог Застапувањето на различните економско-социјални прашања и инте­реси меѓу социјалните партнери(владата, работодавачите и работниците), со еднакви одговорности и јасна улога и функција во изнаоѓањето реше­нија од заеднички интерес, е од исклучително значење за општествата кои се дефинирани како современи и демократски. Потребата од социјалниот дијалог особено стана актуелна за земјите кои го минуваа транзицискиот пат, со оглед на тоа што се соочуваа со предизвиците и последиците од трансформацијата на општествениот капитал: висока стапка на неврабо­теност; стечаи и ликвидација на претпријатијата; технолошки вишоци; по­раст на сиромаштијата. Од друга страна, пак, практикувањето на социјал­ниот дијалог во развиените демократски општества веќе се докажа како најсигурниот начин за мирно решавање на социјалните и индустриските конфликти и унапредување на квалитетот на животот на работниците и граѓаните. ДЕЛ VII: ДЕМОКРАТСКИ ОДНОСИ МЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ 267