Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Преку социјалниот дијалог се постигнува консензус при одлучувањето на различни групи, со различни интереси кои соработуваат за да изнајдат заеднички прифатливо решение. Суштината на постигнувањето консензус е да се работи со другите, а не против нив. Различните групи заедно рабо­тат, трошат време и енергија, на осмислувањето и изнаоѓањето на корисно решение или носење одлуки од заемен интерес за одреден настанат про­блем што ги засегнува страните. Социјалниот дијалог и постигнувањето консензус е сè повеќе практикуван метод во демократските општества во Европа и светот кој дава највисоки резултати. Треба да им се придава потребното значење на механизмите на со­цијалниот дијалог и да се настојува да постојат социјални партнери ко­ишто ќе можат да се носат со своите должности, а особено во земјите-кан­дидати за влез во ЕУ, односно во смисла на советување за нацртите на законодавството кое се однесува на acquis communautaire на подрачјето на вработувањето и социјалната политика. Со цел за конструктивен со­цијален дијалог за модернизација на пазарот на трудот, владите треба да бидат транспарентни во своите законодавни предлози и да остават време за нивна расправа. Оттука, темелот на квалитетно социјално партнерство, врз основа на кое треба да се гради иднината, е искрениот дијалог и до­вербата меѓу социјалните партнери на сите нивоа. 1.3. Современи модели на социјалниот дијалог Трипартизмот е заедничко разгледување на прашања од заемен ин­терес и постигнување решенија до највисок можен степен меѓу страните во дијалогот: организациите на работниците, организациите на работо­давачите и власта. Надлежните тела на власта треба да бараат мислења, совет и поддршка од организациите на работодавачите и работниците за: подготовка и спроведување на закони и регулативи кои влијаат врз нивни­те интереси; подготовка и спроведување планови за економски и соција­лен развој; воспоставување и функционирање на трипартитни национал­ни тела(за: вработување, стручна обука и преквалификација, заштита на работниците, здравје и безбедност при работа, продуктивност, социјално и пензиско осигурување, и др.). За да постои ефективна трипартитна консултација, претставниците на работниците и работодавачите, пред сè, треба да го уживаат правото на слобода на здружување и рамноправно да ги искажуваат своите интереси и со аргументи и противаргументи да ги бранат. Придобивките од трипартизмот се повеќекратни и се значајни заради придонесот во ефективната подготовка и спроведување на економските 268 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)