Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

преговарачите, туку нивните интереси. За да ги постигне целите во пре­говарачкиот процес, синдикатот на ниво на гранка и на ниво на работода­вач треба: да изврши подготовка за водење на преговорите, постигнување договор и негово спроведување; да ги идентификува проблемите; да ги анализира нивните причини и последици; да ги утврди целите и нивниот приоритет и врз таа основа да се избере соодветна стратегија за прегова­рање; да собере што е можно повеќе информации; да ги утврди можните предлози што ќе се дадат во текот на преговарањето; да се информира за приоритетите на работодавачот. Следствено на преговорите е посветеноста на постигнатите компро­миси, за кои е потребно да се потпишат документи во кои ќе се наведат сите усогласени точки од преговорите. Еден од таквите документи е колек­тивниот договор како плод на успешните бипартитни преговори на со­цијалните партнери на гранско ниво и на ниво на работодавач. 1.4. Европски социјален дијалог Идејата за социјално партнерство во Европа доби свој јасен, препо­знатлив институционален профил кон крајот на 19 век, кога во Германија со спроведување на законските норми е дефинирано осигурувањето на работниците од одделни ризици, како што се: старост, болест, несреќа при работа. Подоцна, социјалното партнерство и социјалниот дијалог на европско ниво јасно се дефинирани со: Европската социјална повелба на Советот на Европа; Единствениот европски акт; Повелбата на заедницата за основните права на работниците; Договорот од Мастрихт и Договорот од Амстердам, со кои социјалните партнери добиваат широк простор за учество во процесот на консултирање и изградба на национален консенз­ус за економско-социјалниот развој. Европскиот социјалниот дијалог е дел од Европскиот социјален мо­дел, односно:Го одразува демократското начело(член 11 од Договорот за формирање на ЕУ UEU) дека на репрезентативните здруженија треба да им се овозможи да ги изнесуваат своите ставови, да се консултираат и да водат дијалог со јавната власт, и дека работниците и работодавачите би требало да бидатвклучени во одлучувањето за прашања од нивен ин­терес. Овие начела се дел и од Повелбата на ЕУ за основните права која го вклучува правото на работниците на информирање и консултирање во претпријатијата, како и правото на колективно преговарање и колективни акции(член 27 и 28). На меѓусекторско ниво, во ЕУ постои Одбор за социјален дијалог во кој работниците ги претставува Европската конфедерација на синдикатите (ETUC). Постои и Одбор во кој синдикатите во најголем дел се застапени 272 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)