Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

1.5. Меѓународната организација на трудот промотор на социјалниот дијалог Меѓународната организација на трудот(ILO) e најзначајна и единстве­на меѓународна трипартитна институција за социјален дијалог која ја сочи­нуваат претставници на: владите, работодавачите и синдикатите. Форми­рана е на 11 април 1919 год., како дел III од Версајскиот мировен договор за крајот на Првата светска војна. Седиштето ѝ е во Женева, Швајцарија. Во 1946 год. стана првата специјализирана агенција на Организацијата на обе­динетите нации. Во 1969 год., на 50-годишнината од формирањето, МОТ ја доби Нобеловата награда за мир, како признание за својот ангажман од областа на еднаквост и правда за сите. Меѓународната конференција на трудот(Генерално собрание на МОТ) во 1998 год. ја донесе Декларацијата за основните принципи и права од работа: слобода за здружување и ко­лективно договарање и елиминирање на детскиот труд, принудниот труд и дискриминацијата поврзана со вработувањето. Она за што приоритетно се залага МОТ е работниците и работодавачи­те да го уживаат правото на слобода на здружување и колективно прего­варање за правата од работа преку механизмите на социјалниот дијалог. Во функција на унапредување на социјалниот дијалог, МОТ донесува разни правни инструменти: норми, стандарди, конвенции, препораки и резолу­ции. Клучните елементи и услови за социјалниот дијалог се содржани во конвенциите и препораките на МОТ: Конвенција за слобода на здружу­вање и заштита на правото на организирање од 1948 год.(бр. 87); Конвен­ција за правото на организирање и колективно договарање од 1949 год. (бр. 98); Конвенција за претставниците на работниците од 1971 год.(бр. 135); Конвенција за трудова администрација од 1978 год.(бр. 150); Конвен­ција за работни односи(јавен сектор) од 1978 год.(бр. 151); Конвенција за колективно договарање од 1981 год.(бр. 154); Препорака за консултации (на национално и на ниво на индустрија) од 1960 год.(бр. 113); Препорака за претставниците на работниците од 1971 год.(бр. 143) и Резолуција од 2002 год. за трипартизмот и социјалниот дијалог. Во организациската структура МОТ има: Меѓународна конференција на трудот(Генерално собрание); Административен совет(врши координа­ција на сите органи на МОТ); Меѓународна канцеларија на трудот(технич­ки и административен орган на МОТ). Постојат и повеќе комисии, комите­ти и регионални конференции за: примена на конвенциите и препораките на МОТ; индустрија; буџет и администрација; програмата за практичните активности, и др. Овие инструменти на МОТ предвидуваат работниците и работодавачите да бидат консултирани за: вработувањето, минималните 274 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)