Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

1.6. Воспоставување и практикување на социјалниот дијалог во Република Северна Македонија Како и во другите земји од Централна и Источна Европа, во кои имаше општествени транзициски промени, и во Република Македонија социјал­ниот дијалог беше следен со проблеми и покрај воспоставената законска рамка врз меѓународните стандарди на МОТ. Тоа беше условено од степе­нот на развиеноста на демократските процеси во државата, но и од волјата и желбата на социјалните партнери за дијалог. Кон ова се надоврзуваше и недоволното искуство од овој процес, различните ставови, недоразби­рањата. Во периодот на општествени промени и воведувањето пазарни одно­си, кога Република Македонија се соочуваше со силно социјално раслоју­вање, осиромашување на работниците и населението, пораст на степенот на невработеност и опаѓање на животниот стандард, синдикатите сметаа дека е неминовно да се практикува концептот на поврзување на пазарна­та и социјалната компонента во државата и практикување на социјалниот дијалог. Во таа смисла, синдикатите беа иницијатори за формирање на Еко­номско-социјалниот совет на национално ниво и локални економско-со­цијални совети(како општоприфатени механизми на социјалниот дијалог во европските земји). За синдикатите, социјалниот дијалог е нераскинлив дел од синдикал­ната борба. Уште на самиот почеток од стекнувањето на независноста на Република Македонија, синдикатите зазедоа став и инсистираа од страна на власта да се остваруваат нивните барања за подобрување на позиција­та на трудот и да се гради како социјална држава, со почитување на сите меѓународни трудови стандарди. Социјалниот дијалог е неопходност за градење на социјалниот консензус, стекнување и јакнење на меѓусебната доверба за хармонизација на општествените и економските процеси. За таа цел, потребно е да се развива во континуитет социјалниот дијалог на сите нивоа, да се афирмира мирното разрешување на индустриските и со­цијалните конфликти. Репрезентативните синдикати се легитимни партнери во социјалниот дијалог во РСМ и потписници на ОКД и колективните договори на ниво на дејност, односно оддел преку нивните членки гранските синдикати. Се залагаат и инсистираат на заедничка соработка меѓу социјалните партне­ри, да се потпишуваат документи со кои се уредуваат правата на работниците (како што се колективните договори), за подобри економско-социјални ус­лови и положба на работниците. За синдикатите не е прифатливо позиција­та на трудот во современо општество да зависи исклучително од пазарните ДЕЛ VII: ДЕМОКРАТСКИ ОДНОСИ МЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ 277