носењето на новиот Закон за стопанските комори на Македонија, 264 оваа состојба се надмина и ОРМ како репрезентативна организација на работодавачите стана партнер во социјалните преговори и колективното договарање. Организацијата на работодавачи на Македонија(ОРМ) ги застапува интересите на работодавачите, се грижи за развој и остварување на нивните права и слободи, за склучување и спроведување на ОКД за стопанството во РМ, се залага за развој на социјалниот дијалог. Во рамки на ОРМ функционираат повеќе здруженија со кои синдикатите соработуваат и склучуваат колективни договори на ниво на дејност. Со синдикатите, ОРМ соработува во реализацијата на повеќе проекти и редовно одржува работни средби на кои се разгледуваат и решаваат прашања и проблеми од заеднички интерес: потпишување и усогласување со ЗРО на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството и гранските колективни договори од овој сектор; измени на законите од работната област; вработување и зачувување на работните места; остварување на правото на работниците на синдикално организирање и здружување; меѓународните трудови стандарди преку ратификација на конвенциите на МОТ; остварување на економско-социјалните права на работниците; унапредување на работното законодавство; подобрување на општествената одговорност на претпријатијата; ефикасно функционирање на ЕСС; реализација на заеднички проекти; размена на искуства и знаења, итн. 2. Колективно договарање Значаен дел во процесот на социјалниот дијалог претставува водењето на колективните преговори и потпишувањето и примената на колективните договори заради подобрување и јакнење на работно-правната и материјално-социјалната положба на работниците, што тие индивидуално не би успеале да го обезбедат. Колективното договарање е плод на синдикалната борба за подобри услови за работа и поголеми права на работниците од работниот однос на мирен и демократски начин, без социјални конфликти. Конвенцијата на МОТ за колективно договарање од 1981 година(бр. 154) јасно го дефинира овој процес како култура на дијалог меѓу социјалните партнери во договарањето и остварувањето на заедничките цели и интереси во работните односи и кој може да ги постави темелите за трипартитниот социјален дијалог на национално ниво. 264 Закон за стопанските комори на Македонија:„Службен весник на РМ“, бр.: 54/02, 31/03, 89/04, 84/05, 17/11 ДЕЛ VII: ДЕМОКРАТСКИ ОДНОСИ МЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ 285
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten