Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

1. Безбедност и здравје при работа Посебен дел од трудово право и основа на секоја трудова и социјална политика претставува правото на работниците на безбедни и здрави усло­ви за работа. Ова право подеднакво ги засегнува и работниците и работо­давачите и државата и е фактор за личниот и општиот-општествен напре­док. Бидејќи работниците во текот на работата се изложени на штетности и опасности по нивното здравје и живот, тие треба да бидат суштинскиот субјект во креирањето на концептот на безбедни и здрави работни места и со нивните синдикати да имаат клучно место во националните системи за БЗР. Прашањето за БЗР е сложено и комплексно и затоа треба од страна на одговорните субјекти во државата да му се посветува во континуитет потребното внимание, бидејќи тоа не подразбира само да има закони и други правила и прописи, туку треба да се гради култура на превентивно делување, работниците да знаат какви опасности и ризици постојат на ра­ботните места, работодавачите да сфатат дека безбедните и здрави услови за работа претставуваат предуслов за деловен успех. 1.1. Дефиниција, значење и цели на БЗР Во светот, главно, БЗР опфаќа создавање на услови за работа на работ­ното место, работната средина и работната околина, кои би го спречиле дејството на штетностите и опасностите по здравјето и животот на работ­никот и неговата работна способност. Со тоа би му се овозможило да рабо­ти и да остварува работни резултати со вложување на нормален физички и интелектуален напор. Во нашата држава, до 2007 год. за БЗР се употребуваа повеќе термини: заштита при работа, безбедност при работа, сигурност при работа, хиги­ено-техничка заштита, итн. Во трудовото право на Германија се употребу­ва терминот arbeitsshutz; во земјите од англо-американско говорно под­рачје safety and health at work, односно occupational safety and health; во Франција santé et sécurité au travail, односно sécurité industrielle. Значењето на прашањето на БЗР произлегува од фактот што работа­та има централна улога во човековиот живот и повеќето работници осум часа дневно поминуваат на работа, при што секојдневно се соочени со неограничен број на ризици и опасности по нивното здравје и живот. Ри­300 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)