Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

зиците и опасностите најчесто се јавуваат заради: небезбедни работни ус­лови; непримена на ергономски принципи; хемиски, физички, биолошки штетности, итн. Целта на БЗР е постигнување и обезбедување највисок степен на пси­хофизичка и социјална добросостојба на работниците, што е предуслов за постигнување општ општествен развој и благосостојба за сите во Републи­ка Северна Македонија. Да се спречат несаканите последици по здравјето на работниците предизвикани од работните услови и да се заштитат од ри­зици предизвикани од фактори штетни по нивното здравје. Работниците да работат во работни средини кои ќе бидат адаптирани на нивните физички и умствени потреби и способности. За да се оствари оваа цел, потребна е соработка меѓу работодавачите, работниците и нивните синдикати, со вклучување на знаења од повеќе области: медицина на трудот, индустри­ска хигиена, токсикологија, инженерство, ергономија, психологија, итн. 1.2. Нормативно уредување на БЗР Како исклучително значајно право од работниот однос, БЗР е регули­рано со Уставот на Република Северна Македонија, Законот за работните односи и посебен Закон за БЗР, 283 кои се темелат и се целосно усогласени со: Рамковната директива за воведување на мерки за поттикнување на по­добрувањето на БЗР бр. 89/391/ECC; Повелбата и Универзалната деклара­ција за човековите права и слободи на Обединетите нации, како и конвен­циите и препораките на МОТ. До носењето на Законот за БЗР во 2007 год. во Република Македонија беше на сила Законот за заштита при работа од 1998 год. 284 Закони кои се однесуваат на БЗР се и: Законот за инспекција на трудот; Законот за ин­спекциски надзор; Законот за евиденција од областа на трудот; Законот за здравствена заштита; Законот за здравствено осигурување; Законот за пензиско и инвалидско осигурување; повеќе правилници за БЗР; колек­тивни договори. Синдикатите особено се залагаа и ги наметнуваа своите ставови при носењето на законската регулатива за БЗР. Така, при носењето на Законот за заштита при работа, како и при носењето на Законот за БЗР и неговите измени и дополнувања, синдикатите учествуваа во целиот процес и осо­бено се залагаа за позицијата на синдикатите и претставникот на вработе­ните за БЗР. 283 Закон за безбедност и здравје при работа:Службен весник на РM, бр. 92/07; Измени и допол­нувања:Службен весник на РМ, бр.: 136/11; 23/13; 25/13; 137/13; 164/13; 158/14; 15/15; 129/15; 192/15; 30/16; Пречистен текст: 53/13; Консолидиран текст: 2017; Одлуки на Уставниот суд: 98/10; 93/11; 60/12 284 Закон за заштита при работа:Службен весник на РМ, бр. 13/98 И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 301