Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

оваа област. Во врска со Конвенцијата на МОТ С155, синдикатите укажаа на потребата од примена на социјалниот дијалог со социјалните партнери и потребата од функционирање на Националниот совет за БЗР, а беа ини­цијатори и за ратификација на Конвенцијата за промотивна рамка за БЗР, усвоена во Женева на 15 јуни 2006 год.(во РМ ратификувана на 19.3.2012). Покрај тоа, синдикатите бараа да се преземаат активни чекори за успешно практично спроведување на целите зацртани во конвенциите, преку но­сење национални програми и политики и унапредување на националните системи. Согласно Законот за БЗР(член 43), синдикатите партиципираат со свои претставници во работата на Националниот совет за БЗР. Ова експертско тело е формирано со Одлука на Владата на РМ(ноември 2009 год.), има 15 членови и е трипартитна институција со рамноправно учество на прет­ставници на: власта, синдикатот и работодавачите. Националниот совет за БЗР има консултативно-советодавна улога во носењето и учествува во реализацијата на: програмите на Владата за БЗР; националните стратегии и акциони планови за БЗР(2011-2015; 2016-2020), за спречување и намалу­вање на повредите на работното место, професионалните и други болести и повреди кои се поврзани со работата; закони и други прописи за БЗР. На овој начин, синдикатите учествуваат во заедничките активности и три­партитно единство на сите социјални партнери во државата, кои по пат на меѓусебно координирана акција придонесуваат за унапредување на цело­купниот систем за обезбедување на сигурни и безбедни услови за работа. Во 2018 год. синдикатите се вклучија во реализацијата на Програмата на ЕСС за измени и дополнувања на Законот за БЗР. Мислењата и барањата на членството, синдикалните претставници и претставниците на работни­ците за БЗР се основата на предлозите за измена на Законот за БЗР. Синди­катите се залагаат на ниво на работодавач правото на БЗР да се регулира и остварува со колективните договори. 1.3. Одговорности на работодавачите според Законот за БЗР Во овој специјален Закон, покрај другите одредби(мерките за БЗР, пра­вата и обврските на вработените од областа на БЗР, превентивните мерки против опасностите при работа, професионалните ризици, отстранување­то на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за БЗР) се содржани и одредби за обврските на работодавачот за БЗР. И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 303