1.4. Претставник на работниците за БЗР Го избираат самите вработени на синдикален собир на мнозинскиот синдикат(член 28 од Законот за БЗР) и тој има посебна заштита од работен однос, како и синдикалниот претставник, согласно ЗРО. Бројот на претставниците е зависно од бројот на вработените. На претставникот мора работодавачот да му овозможи непречено вршење на неговата функција, односно да му обезбеди соодветно време и потребни средства, без намалување на платата, при што не смее да го стави во неповолна состојба поради неговите активности. Претставникот на работниците за БЗР има право: да дејствува превентивно, пред проблемот да се појави; да ги обиколува работните места заради согледување на состојбата; да разговара со работодавачот за потребите и проблемите и да инсистира за отстранување на штетните влијанија врз работниците; да ја извести инспекцијата на трудот и да има увид во записникот; да побара од работодавачот информации и да има пристап до сите документи, посебно до извештаите и изјавите за проценка на безбедноста на секое работно место; кога е потребно да бара да се врши контрола и замена со побезбедни услови за работа; обезбедување лични заштитни средства, итн. Претставникот на работниците за БЗР треба да биде информиран, консултиран и да учествува во одлучувањето за сите прашања кои се однесуваат на сигурното извршување на работните задачи. 1.5. Ризик при работа – изјава за безбедност Ризик при работа е можност или веројатност(голема или мала) некоја опасност да резултира со повреда на работа, нарушување на здравјето, професионално заболување или болест во врска со работата и може да ја оштети: работната околина, имотот, машините и опремата. Затоа е потребно да се врши проценка на ризик или системско евидентирање и проценување на сите фактори на работниот процес, што се идентификува со изјава за безбедност. Проценката на ризик претставува основа за успешно раководење со БЗР, односно за намалување на несреќите поврзани со работното место и професионалните заболувања. Насоките, содржината, како и податоците според кои треба да се заснова проценката на ризик, се содржани во Правилникот за начинот на изготвување на изјава за безбедност 289 . За поведување постапка за проценка на ризик и изјава за безбедност, треба да донесе одлука работодавачот. Тој го определува тимот за спроведување на оваа постапка, кој го сочинуваат: едно или повеќе лица од редот на вработените; специјалист по медицина на трудот од овластена 289 Правилник за начинот на изготвување на изјава за безбедност:„Службен весник на РМ“, бр. 02/09 И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 305
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten