Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

здравствена установа; правно или физичко лице овластено од министерот надлежен од областа на трудот. Изјавата за безбедност претставува документ во кој се опишани ка­рактеристиките на работниот процес и се идентификувани опасностите и штетностите. Изјавата за безбедност се изготвува за секое работно место, ја потпишува работодавачот и им ја презентира на вработените и нивните претставници за БЗР. Тој го утврдува начинот и мерките коишто треба да се преземат во врска со изјавата. Доколку се изменат условите или се појави нова опасност на работното место и работната средина, треба да се напра­ви нова изјава за безбедност. Ризиците можат да бидат организациски и ризици од работната сре­дина(хемиски, физички, биолошки, психолошки опасности; опасности поврзани со непримена на ергономски принципи, и др.). Последиците од изложеност на опасности можат да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето на работниците(акутни, хронични). Доколку не се преземаат соодветни мерки за БЗР, се јавуваат професионални заболувања, а најче­сти се: срцеви и мускулно-скелетни забплувања; губење на слухот; алер­гии; репродуктивни проблеми; стрес, итн. 1.6. Евиденции за повреди, несреќи, професионални заболувања Законот за БЗР и Правилникот за начинот за водење на евиденции од областа на БЗР 290 ги обврзува работодавачите да водат евиденции за про­фесионални заболувања, заболувања во врска со работата, повреди на ра­бота и смртни случаи при работа. Во практиката, и кај нас и во светот, нив­ниот прецизен број тешко може да се утврди. Причините се повеќе, а пред сè, заради тоа што многу често тие се прикриваат и од страна на работода­вачите(заради евентуалните казни и трошоци) и од страна на работници­те(заради неизвесноста за нивното работно место). Кај професионалните заболувања во прашање е латентниот период, менувањето работни места, новите хемикалии и технологии, лошите лични навики(цигари, алкохол, наркотици, итн.), што отежнува да се направи детална и аргументирана статистичка обработка. За да се дојде до точни информации и податоци за несреќите, повреди­те и професионалните заболувања потребно е да се добиваат релевантни усогласени статистички податоци, кои треба да бидат соодветно анализи­рани за да се согледаат слабостите и да може да се предлагаат мерки за надминување на проблемите. Во тоа ќе придонесе координацијата на еви­денциите и анализата на одговорните институции Државниот инспекторат 290 Правилникот за начинот на водење на евиденции од областа на БЗР:Службен весник на РМ, бр. 136/07 306 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)