Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

1.7. Климатските промени како нов ризик при работа Зачувувањето на природните ресурси претставува голем глобален пре­дизвик во XXI век. Научните истражувања во светот укажуваат на фактот дека доколку не се ограничи глобалното затоплување, негативните ефек­ти од климатските промени многукратно ќе се зголемат, што подразбира екстремни временски услови и загрозен економски раст. Светската здрав­ствена организација предупредува за сериозноста од можните последици на климатските промени по здравјето на населението и на работниците. За надминување на заканите од климатските промени врз општествата и еко­номиите, од клучно значење е преминот кон одржлива економија, еконо­мија со ниски емисии на јаглерод и економија со ефикасно искористување на ресурсите. 292 Преминот конпозелена економија подразбира темелни промени во производството и потрошувачката на сите нивоа. Синдикатите укажуваат на потребата да се изготват национални или локални здравствени стратегии за приспособување и зајакнување на ка­пацитетите на здравствените системи; соодветните институции да се под­готвени да одговорат на екстремни временски состојби; да се врши надзор на заразните болести; рано откривање на респираторните болести; кон­трола на водата за пиење и на храната; да се промовираат иновации во областа на енергетската ефикасност и употреба на обновлива енергија; да се збогатуваат и разменуваат знаења и искуства за мерките за ублажување на последиците од климатските промени. За да се постигнува работната продуктивност, синдикатите бараат работодавачите, како најодговорни, да ја ограничуваат изложеноста на работниците на екстремни високи, односно ниски температури, како по­средни, надворешни фактори кои ги условуваат несреќите. Да преземаат превентивни мерки, да направат план за дејствување и соодветна органи­зација на работата(повеќе одмор во текот на денот, промена на работното време, прекин на работата по потреба); да вршат контрола на работниот процес; да ги идентификуваат и да извршат проценка на ризик на сите ра­ботни места. Работниците да бидат информирани, едуцирани, да се следи нивното здравје и да се организираат вонредни медицински прегледи од доктори по медицина на трудот; посебни мерки да се преземаат за вулне­рабилните групи на вработени(повозрасни работници, хронични болни, 292 На 50-тиот Светскиот економски форум што се одржа во Давос, Швајцарија, од 20-24 јануари 2020 год., и на кој присуствуваа околу 3.000 претставници од 118 земји, една од главните теми беше:Спречување на климатската апокалипса. Форумот беше во насока на визија за ограничу­вање на глобалното затоплување и изградба на подобра иднина за Европа и светот. Во 2021 год., од 31 октомври до 12 ноември, во Глазгов, Шведска, се одржа Конференција на ОН со присуство на претставници на околу 200 држави, на која е остварена согласност за намалување на емисиите на штетните гасови за да се ограничи глобалното затоплување до 2 0 C. 308 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)