бремени жени); да се обезбедат и употребуваат лични заштитни средства; да се врши едукација на работниците за прва помош на работното место. Синдикатите инсистираа на национално ниво да се носат посебни акциони планови за утврдување на горните, односно долните граници за заштита од студените и топлите бранови и УВ радијацијата како последица на климатските промени и тие да се спроведуваат. Во дел истражувања 293 во различни економски сектори и дејности се изнесуваат податоци за проблемите во овој дел кои се загрижувачки. Поголемиот број испитаници се изјасниле дека во услови на екстремно високи или ниски температури: не се доволно заштитени и информирани за штетностите по нивното здравје; продуктивноста е намалена и не ја постигнуваат работната норма и мора да работат дополнително; нема доволно развиено процедури за безбедна работа, и сл. Во 2011 год., Владата на РМ усвои Акционен план за превенирање на последиците од топлотните бранови во РМ, а во 2012 год. Акционен план за превенирање на штетните влијанија и на последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населението во РМ. Информациите, обуките, едукацијата, добрата пракса и искуства од другите земји за тоа како да се заштити здравјето на работниците(посебно на оние изложени на ризик од многу високи и ниски температури и УВ радијацијата) имаат исклучително значење и се дел од потребниот национален мобилен и интегриран систем во надминувањето на можните последици. 1.8. Аерозагадување Голем цивилизациски предизвик во XXI век претставува и сè поголемото присуство на токсични материи во воздухот – понагласеното аерозагадување. Емисијата на штетни гасови има големо влијание врз здравјето на човекот на долг рок. ПМ 10 се многу ситни честички кои се присутни во воздухот и содржат: канцерогени метали, прав и други опасни материи и со вдишувањето навлегуваат секаде во човечкото тело. Во некои средини ги има и по петпати над дозволеното, што има големи последици по здравјето на луѓето(иритација на дишните патишта и хронични заболувања на белите дробови, проблеми со кожата, разни видови карциноми, невродегенеративни болести, зголемување на ризикот од срцеви и мозочни удари со смртни последици, итн.). Борбата против загадувањето станува сè поактуелна тема во Република Северна Македонија. Се нудат разни решенија, се носат закони, се водат едукативни кампањи за издигнување на јавната свест: за менување на 293 Истражување и дескриптивна пилот студија на Институтот по медицина на трудот и Светската здравствена организација:„Влијанието на топлотните бранови врз здравјето на работниците“, 2013 И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 309
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten