Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

однесувањето на луѓето во однос на потребата од штедење на енергија, вода, да не се користат пестициди, да се избегнуваат хемикалиите во се­којдневната употреба, стоп за пушењето цигари, здрава исхрана, итн. Синдикатите укажуваа и бараа во услови на алармантно аерозагаду­вање да бидат ослободени од работните обврски: повозрасните работни­ци, бремените жени, како и оние со хронични срцеви или тешки заболу­вања, да се реорганизира работното време и да се засилат и редовно да се вршат инспекциски контроли. 1.9. Пандемијата со вирусот Ковид-19 и БЗР На почетокот на новиот милениум, светот забележа епидемии и пан­демии од големи размери, како: птичји грип, свински грип, САРС, но со најизразит опфат е пандемијата со опасниот Ковид-19, која во 2020 год. го зафати целиот свет. Во канцеларијата на Светската здравствена организа­ција(СЗО) на 31 декември 2019 год. беше пријавен случај на пневмонија од непознат вирус во градот Вухан, Кина, а на 11 февруари 2020 година, СЗО објави дека се работи за нов коронавирус. Еден месец подоцна, заради брзата преносливост на вирусот од човек на човек, СЗО прогласи панде­мија од светски размери. Заради сериозната закана по здравјето и животот на луѓето: се воведуваа строги рестриктивни мерки, карантин, изолација и самоизолација, се прогласуваше вонредна состојба и полициски час во голем број на држави, меѓу кои и во Република Северна Македонија. СЗО објави шокантни податоци дека од почетокот на пандемијата, заклучно со јуни 2020 год., од Ковид-19 во светот има заболено 7 милиони лица, а жи­вотот го загубиле 500.000 лица. Пандемијата Ковид-19 донесе здравствена и економска криза во це­лиот свет, која е без преседан во поновата историја на човештвото, со што радикално се измени начинот на живеење и се создаде неизвесност за иднината на секој човек на планетата. Таа не само што стана нов колек­тивен здравствен проблем за целиот свет, што сериозно ги ограничуваше демократските права и слободи на граѓаните(заради ограничувањата на движењето), туку ја разорува економијата и на глобално и на национално ниво. Неминовноста од физичкото оддалечување меѓу луѓето и воспоставу­вање на нови гранични режими(со што значително се намали мобилноста на луѓето и меѓународното поврзување и економска соработка), се пока­жаа како ефикасни мерки за запирање на ширењето на вирусот, но не и за економијата. Предвидувањата се дека во наредниот период ќе има зго­лемување на бројот на: изгубени работни места, невработени, социјално загрозени лица, што ќе предизвика економска неизвесност и дополнителен 310 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)