1.10. Синдикатите и БЗР Заради сериозноста и значењето на БЗР, чија несоодветна примена во практиката го загрозува животот и психофизичкото здравје на работниците на работното место, синдикатите во континуитет ги следат и анализираат состојбите и предлагаат мерки за надминување на проблемите од оваа област. За синдикатите, БЗР е мултидисциплинарна категорија, или збир од: техничко-технолошки, економски, здравствени, правни, социјални, образовно-воспитни, политички и други мерки и средства неопходни во остварувањето на потребите и интересите на работниците во оваа област. а) Во периодот на самоуправното уредување на трудот, заштитата при работа(ЗПР)(термин кој се употребуваше во тој период) беше централна преокупација во дејствувањето на синдикатите. Во 1980-тите години, синдикатите водеа активности за ова право од работен однос согласно Насоките за ЗПР и унапредување на условите за работа. Ова прашање за синдикатите претставуваше решавачки фактор што го обезбедува физичкиот и моралниот интегритет на работниците и ефикасно го заштитува нивното здравје и работната способност. Затоа беше потребно: да се надминуваат сите пропусти и целосно да се уредуваат односите во ЗПР според конкретните потреби и условите за работа; да се води грижа за превентивната здравствена заштита; да се преземаат ефикасни мерки за заштита и во користењето на личните и колективните заштитни средства; да се развиваат службите за ЗПР, 294 како и општествената свест и одговорност за тоа дека ЗПР е право на работниците и должност на сите одговорни. Синдикатите укажуваа на потребата од отстранување на пропустите за ЗПР во организациите на здружен труд кои ги констатирала Инспекцијата на трудот и сметаа дека таа мора да биде поенергична во преземањето на казнените мерки. Во периодот кога Република Македонија беше дел од Југословенската Федерација, за најдобрите практики и натпросечните постигнувања на планот на ЗПР и унапредување на човековата околина, Сојузот на синдикатите на Југославија по повод Денот на заштита„Четврти април“, 295 врачуваше дипломи и сојузна награда:„Златно сонце“. Се реализираше и југословенската акција со натпреварувачки дух:„Во служба на заштита – во служба на човекот“, со голем број на активности и учество на претставници од многу ОЗТ од сите републики и покраини на СФРЈ, за остварените резултати во доменот на хуманизацијата и културата на трудот. Манифестацијата се одржуваше во 294 Во Законот за ЗПР од мај 1987 год., член 40, точка 3, е уредено да се организираат служби за заштита при работа во ОЗТ од областа на стопанството со најмалку еден извршител(со висока или виша стручна подготовка) до 1.000 работници, а над тој број, служба со повеќе работници во зависност од сложеноста и специфичноста на дејноста на ОЗТ. 295 Добитници на оваа награда за 1988 год. од Република Македонија беа: Кожарски комбинат„Гоце Делчев“ – Скопје; ООЗТ„Фустеларко“ – при Графичкиот завод во Битола; Здружението за заштита при работа во општината Битола. 312 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten