Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Синдикатите се залагаат: да продолжи хармонизирањето на национал­ната легислатива и транспонирањето на директивите на ЕУ од областа на БЗР, да се воспостaвува единствена евиденција на повреди и несреќи при работа, Државниот инспекторат за труд да го подобрува квалитетот на ин­спекциските надзори, да ја развива соработката и размена на податоци со другите институции, вклучувајќи ги синдикатите. Во рамките на Регионален информативен форум за БЗР што се одржа во Будимпешта, Унгарија, од 29-30 август 2016 год. под покровителство на Европскиот синдикален институт(ETUI), беше потпишан Меморандум за БЗР од синдикатите од: Бугарија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Романија и Србија. Суштината на Меморандумот е: синдикатите да разменуваат ис­куства за зајакнување на нивната улога во контролата на БЗР; да се раз­вива социјалниот дијалог и соработката во областа на БЗР; целосно да се спроведуваат одредбите на Рамковната Директива 89/391/ЕЕК, посебно за претставниците на работниците за БЗР; потребни се превентивни мерки и силни системи за инспекција и спроведување на законодавството; да се создаде одговорен пристап во однос на БЗР за да се смалува бројот на не­среќи при работа и професионални заболувања; проценката на ризик при работа да се врши во рамки на закон, посебно во малите и средни прет­пријатија; да се води заедничка акција за сузбивање на психосоцијалните ризици, и др. 1.11. Светски ден за БЗР 28 Април Ова е ден кога во целиот свет им се оддава почит на работниците кои на работните места заради несреќи и професионални болести претрпеле фатални последици по нивниот живот и здравје. Неговото одбележување го поддржува МОТ со активности за БЗР кон кои се приклучуваат земји­те-членки на МОТ, меѓу кои Република Северна Македонија. Синдикатите се вклучија во кампањите на МОТ:Мој живот, моја работа, моја безбед­на работа(2008 год.);Системи за управување со БЗР: алатка за постојано подобрување(2011 год.);Промовирање безбедност и здравје во зелена економија(2012 год.);БЗР при употреба на хемиски супстанци(2014 год.); Вклучи се во градење култура за превенција за БЗР(2015 год.);Стресот на работното место: колективен предизвик(2016 год.). На Светскиот ден за БЗР, почнувајќи од 2010 год., започна да се доде­лува Национална награда за добра пракса на БЗР, за претпријатија кои се примерни во остварувањето на законското право на работниците, сво­ите работни задачи да ги извршуваат во здрави и безбедни услови. Ак­тивностите ги координира МЗЗПР, а наградата се доделува врз основа на изградени критериуми и изборот на посебна комисија која ја сочинуваат претставници на социјалните партнери, меѓу кои и на синдикатите. И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 317