Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

организација не се справува успешно со него, дека над 40% од работода­вачите сметаат дека е потешко да се управува со психосоцијалните ризици, отколку со вообичаените ризици за БЗР. Управувањето со стресот поврзан со работата е еден од целите и на Стратешката рамка на ЕУ за БЗР 2014-2020, во која се нагласува дека заштитата на менталното здравје на работникот е клучен фактор за превенција на заболувањата поврзани со работата. Безбедноста и здравјето при работа за синдикатите претставува темелно и приоритетно право од работен однос. Неговата актуелност и предизвик се зголемува посебно во поново време кога ризиците по здравјето и безбед­носта на работниците се во пораст посебно со појавата на: новите техноло­гии, глобалните климатски промени, аерозагадувањето и пандемијата Ко­вид-19. Сето тоа бара да се преземаат навремени и ефективни интервенции и соодветни превентивни мерки за спречување на несаканите последици по здравјето и безбедноста на работниците. 2. Дискриминација забрана и заштита Додека во своите зачетоци заштитата при работа се врзуваше единстве­но за заштитата на физичкиот интегритет на работниците од механички по­вреди, денес таа подразбира: заштита на целокупната личност на работници­те, вклучувајќи го нивниот физички, психички и морален интегритет. Зашти­тата на: приватноста, достоинството, личните податоци, како и забраната за дискриминација и мобинг, како нова, т.н. трета генерација(социјални) права, претставува современ предизвик на заштитата при работа и е основниот те­мелник на Европскиот социјален модел, врз кој се заснова Европската Унија. 2.1. Закон за спречување и заштита од дискриминација 301 Во Република Северна Македонија се вложуваат постојани напори и е на­правен значителен исчекор во однос на усогласувањето на македонското со европското законодавство и е зголемено нивото за заштита од дискримина­ција врз било која основа. Македонското законодавство во однос на дискри­минацијата се темели врз највисоките меѓународни документи: Универзал­ната декларација за човекови права(1948), Меѓународниот пакт на ООН за граѓански и политички права, Конвенцијата на ООН за економски, социјални и културни права, Конвенцијата на ООН за елиминирање на сите форми на 301 Закон за спречување и заштита од дискриминација:Службен весник на РМ, бр.: 50/10; 150/15; 177/15(пречистен текст); Закон за изменување на Законот за спречување и заштита од дискрими­нација:Службен весник, бр.44/14; 150/15; Одлука на Уставниот суд на РМ У.бр.82/2010(Службен весник на РМ, бр. 127/10) 320 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)