Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Во своите определби, синдикатите се за подобрување на национал­ното законодавство и негово усогласување со правото на ЕУ, со цел да се олесни процесот на заштита од дискриминација, како и натамошните на­пори во евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија. Подготвени се за консултации со останатите социјални партнери во им­плементацијата на законодавството од областа на антидискриминацијата во земјата и споделување на искуствата од другите земји. Тоа ќе помогне во развивање дополнителни алатки за поддршка кои ќе бидат користени од страна на непосредните учесници, со цел да се олесни правењето раз­лика меѓу случаите на дискриминација и случаите на повреда на други чо­векови права. Синдикатите посебно се залагаат за забрана на дискриминацијата на работното место и работниците да се ставаат во нееднаква положба, по­крај другото, и заради членување во синдикат. Бараат работодавачите да им обезбедат еднакви можности и еднаков третман на работниците во вр­ска со остварувањето на правата од работниот однос уредени со законите од трудовата област. 2.2. Посветеност на синдикатите против дискриминацијата Синдикатите соработуваат и ги поддржуваат сите програми и полити­ки од областа на антидискриминацијата во државата. Интензивна соработ­ка остваруваат со Комисијата за заштита од дискриминација, 303 учеству­ваат со свои претставници на средби за размена на искуства во врска со унапредување на активностите за препознавање, превентива и заштита од дискриминација. Како еден од главните проблеми поврзани со постапката пред оваа Комисија, синдикатите сметаат дека е товарот на докажување и тоа што таа не обезбедува посеопфатна заштита, туку издава само мис­лења и препораки, а Законот предвидува само казни за дискриминатори­те, без никаков вид на обесштетување за нанесени штети на жртвата. Син­дикатите здружени во ССМ и Комисијата за заштита од дискриминација на 11.2.2015 год. потпишаа Меморандум за соработка. Исто така, синдикатите соработуваат со: Народниот правобранител кој има специјализиран сектор за недискриминација и рамномерна за­стапеност(постапува само кога се повредени правата од страна на ор­ганите на државната управа и други тела и организации кои имаат јавни овластувања); Застапникот за еднакви можности(ги штити лицата од родова дискриминација, без разлика дали таа е сторена од државно тело, приватно или физичко лице); Секторот за еднакви можности при МТСП; 304 303 Комисијата за антидискриминација е самостоен, независен орган, со својство на правно лице. Ја сочинуваат 7 члена кои ги избира и разрешува Собранието на РСМ. 304 Во 1997 год. во МТСП е основано Одделение за промовирање на родовата рамноправност, а во 2007 год. е променето во Сектор за еднакви можност. 322 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)