кои минуваа по патот на транзицијата, но и за земјите кои важат за развиени и во кои се огледуваат другите земји. Психичкиот притисок или психичкото малтретирање во светот е познат под терминот мобинг, 306 кој е во широка употреба и во нашата држава. Заради големината и раширеноста на овој проблем во европски и светски рамки(на кој особено внимание му се посветува во Шведска и Финска), Советот на Европската Унија (на 3 јуни 2002 год.) усвои Резолуција, со која им наложи на своите членки, со цел за постигнување добри услови за работа дека мораат, меѓу другото, да се ангажираат за сузбивање на стресот и психичкото малтретирање на работа. 3.1. Мобирани работници и мобери Покрај мноштвото ризици при работата, работниците се изложени и на мобинг, кој претставува опасност по нивното физичко и ментално здравје, ја попречува нивната професионална иднина, предизвикува повреда на човековото достоинство. Мобираните работници се изложени на: психичко малтретирање, понижување, застрашување, напад врз нивниот авторитет, неизвесност за нивното работно место. Последици од оваа непријателска и неетичката комуникација на работа за мобираните работници се: траума, стрес, беспомошност, вознемирување. Кај нив се забележуваат одредени симптоми, како: физички(најчесто вкочанетост – стаписаност); физиолошки(забрзан срцев ритам, покачување на крвниот притисок, болки во желудникот, несоница, и др.); психички(расеаност, намалена концентрација, напнатост); бихевиорални и социјални(повлекување во себе, претерана употреба на: лекови, алкохол, цигари). За мобираните работници обично се шират невистини за нивниот приватен живот, во негативна смисла се коментираат нивните лични особености. За да се оствари намерата(најчесто да се избркаат од работа): постојано се критикуваат и се навредуваат дека не знаат да работат; ги тераат да извршуваат работи несоодветни на нивните квалификации и способности; постојано ја контролираат нивната работа; се казнуваат без оправдани причини; не им се даваат работни задачи(или им се даваат премногу едноставни или претешки, преобемни, со куси рокови, или постојано се менуваат); се напаѓаат дека се невротични, постојано се жалат, немаат капацитет за работата што ја извршуваат, не умеат да се справат со одговорностите; им се одземаат потребните средства за работа(телефон, компјутер...). Се води кадровска политика на штета на мобираните работници, па од страв да не бидат прогласени технолошки вишок, овие работници прифаќаат да работат било што. 306 Зборот мобинг потекнува од англискиот збор mob, што значи агресивен чопор, и зборот mobbish, што значи грубо, вулгарно, простачко. Научникот Конрад Лоренц(Konrad Lorenz), мобингот го споредува со однесувањето на чопор животни кон нивниот непожелен член, негов прогон сé додека самиот не ги напушти. И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 327
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten