Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

3.2. Закон за заштита од вознемирување на работното место 307 Правото на достоинствена работа на работникот произлегува од: највисокиот правен акт, Уставот на Република Северна Македонија; Зако­нот за работните односи; Законот за БЗР; Законот за спречување и заштита од дискриминација; Кривичниот законик, како и колективните договори. Заради сериозноста на проблемот со мобингот, синдикатите водеа не­прекинати активности за негово промовирање и потребата од носење на посебен закон против мобинг. Во 2009 год. беше изменет Законот за ра­ботните односи, се додаде нов член и нов наслов:Психичко вознеми­рување на работното место(мобинг). Измените на ЗРО беа поддржани од страна на синдикатите, меѓутоа тие сметаа дека тоа не е доволно и дека треба да се донесе посебен закон против мобинг. За да ја постигнат целта, синдикатите започнаа широка кампања и серија едукативни активности. Беа изработени брошури, прирачници и промотивен материјал(кои беа први и единствени од ваков вид во целата држава) врз основа на истра­жувања од страна на синдикалните претставници во претпријатијата и установите на целата територија на Република Македонија. Резултатите од истражувањето покажаа дека е висок процентот на работниците кои се жртви на мобинг и со тоа е неодминлива потребата за усвојување на посебен закон за мобинг. Во 2012 год. синдикатите предложија текст за Нацрт-законот за мобинг и покренаа Иницијатива на ЕСС за поведување постапка за донесување на посебен закон за заштита од психичко вознемирување на работно ме­сто. Во мај 2013 год. на Иницијатива на синдикатите се донесе Законот за заштита од вознемирување на работното место. Со Законот се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и на вработени­те во врска со спречувањето на психичкото и половото вознемирување на работното место, мерките и постапката за заштита од вознемирување, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место. Исто така, се обезбедува поцелосна правна рамка преку утврдувањето на превентивни и други мерки и уреду­вање на постапката за заштита од вознемирување на работното место кај работодавачот, како и постапката на судска заштита. 3.3. Активности на синдикатите за заштита од мобинг Со цел на мобираните работници да им се помогне во остварувањето на рамноправен статус со своите колеги, нивните матични синдикати им пружаат поддршка и помош. Тие ги охрабруваат да одговараат на нападите 307 Закон за заштита од вознемирување на работното место:Службен весник на РМ, бр. 79/13 И ПСИХИЧКИ ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО ДЕЛ VIII: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 329