Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

аргументирано и заедно со синдикалниот претставник и претставникот на работниците за БЗР трпеливо да ги собираат и архивираат сите документи во случај на мобинг(да се води дневник, да се бележи датумот и време­то на настаните, нивниот број, зачестеноста, имињата на сведоците, да се опишуваат настаните со што е можно повеќе детали, да се чуваат копиите на писмата, мејловите, пораките, решенијата, барањата, или било која дру­га форма на кореспонденција со лицето-мобер). Го упатуваат мобираниот работник да се јави кај својот лекар за да се утврди дали влошувањето на здравствената состојба е последица на мобинг на работното место и за тоа да го информира работодавачот. Заедно со синдикатот, мобираниот работник треба да побара помош и совет од психолог, да се обрати до комисијата за здравје и безбедност при работа(доколку постои), до кадровското одделение, што е во согласност со колективен договор и закон. Да се информираат, да се комуницира и со­работува со граѓанските здруженија во врска со мобинг. Синдикатот може да формира посебна комисија и заедно со претставникот на вработените за БЗР да ја испитаат целата мобинг ситуација, да разговараат со работо­давачот и да му го предочат проблемот. Потребно е да се подготвува дол­горочен и реален стратешки план и механизми за неговата реализација. Доколку се работи за сложена ситуација, синдикатот има право да побара стручна помош и да го издигне решавањето на случајот на повисоко ниво на синдикално организирање. За жртвата на мобинг член на синдикатот, обезбедена е бесплатна правна заштита од синдикатите. Работодавачот треба да ги почитува и применува постојните законски регулативи кои би помогнале во борбата против мобингот. Синдикатот има право да бара од работодавачот да презема мерки на превенција, да се запази етиката на однесување и организациското работење во компа­нијата. Една од тие превентивни мерки е дека секој работник мора да до­бие писмено известување за неговите права и обврски за мобингот. До­колку од страна на работодавачот се допушти работник да биде изложен на психичко малтретирање на работното место и тоа само да го констати­ра, тој не постапил согласно закон. Работодавачот треба да избере едно, или повеќе лица во компанијата на кои вработените кои се во опасност од мобинг ќе можат да им се обратат за совет. Социјален дијалог. Синдикатите се залагаат да се расправа за мобин­гот со социјалните партнери на сите нивоа. Првиот чекор на социјален дијалог треба да биде онаму каде што работи работникот, и секој случај на мобинг да се реши по мирен пат без последици по страните во спорот. Притоа, голема е улогата на синдикалниот претставник и претставникот на вработените за БЗР. Исто така, социјалните партнери: треба да преговара­ат и да постигнуваат консензус за носење национална стратегија, програ­ми и акциони планови; да расправаат и да го наметнуваат мобингот како 330 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)