улога треба да има превентивното дејствување: социјален дијалог и социјално партнерство на сите нивоа; потпишување и примена на колективните договори; потпишување меѓусебни спогодби; механизми на мирење, и сл. Мирното решавање на проблемите по пат на дијалог, договарање и преговарање во работните средини е определба на синдикатите како резултат на нивната европска ориентација – приоритет во заложбите и на претставниците на синдикатот и на работодавачите е да се постигне баланс во односите меѓу трудот и капиталот со заемно почитување и договор. 1. Закони и прописи за уредување на правото на штрајк Правото на штрајк на работниците е гарантирано со Уставот на Република Северна Македонија, Законот за работните односи и други закони во кои се имплементирани одредбите за штрајк од повеќе меѓународни документи: Универзалната декларација на ОН за човековите права, Европската социјална повелба, конвенциите на Меѓународната организација на трудот(бр. 87 за слобода на здружување и заштита на правата на организирање и бр. 98 за правото на организирање и слободно колективно преговарање). 1.1. Устав на Република Северна Македонија Највисокиот правен акт на државата, Уставот на Република Северна Македонија(член 38) го гарантира правото на штрајк како начин за искажување на незадоволството на работниците во врска со остварувањето на нивните материјално-социјални права и интереси. Согласно член 21 од Уставот на РСМ:„Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба“. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во: вооружените сили, полицијата и органите на управата. Уште во првата нацрт верзија на Уставот на РМ од 1991 год., меѓу другото, синдикатите изнесоа забелешки дека здравството не треба да се вклучи во Уставот на РМ под посебен режим на штрајкување, како што е за: војската, полицијата и државните органи. За основаноста на овој предлог се повикуваа на меѓународните конвенции, посебно на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права(член 8, точка 3) каде ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ – ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 335
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten