нагласено стои дека законско ограничување во остварувањето на правото на штрајк може да постои само во: војската, полицијата и државната управа. Тоа не значи дека со закон или колективен договор нема да може да се утврди извршувањето на„минимум процес на работа“ за време на штрајк и во здравството, како општествена дејност од посебен интерес. 1.2. Закон за штрајк од 1991 година 310 До носењето на ЗРО во 2005 год., во Република Македонија штрајкот беше регулиран со Законот за штрајк од 1991 год, од поранешна Југославија. Овој Закон беше дел од македонското позитивно право 14 години и покрај донесувањето на Уставот на РМ во кој се предвидоа измени во поглед на тоа што е законско третирање на правото на штрајк. Законот за штрајк го дефинираше штрајкот како„организиран прекин на работата на работниците заради остварување на економските и социјалните права и интереси по основ на трудот“(член 1, став 1). Во Законот за штрајк е утврдено: на кое ниво може да се организира штрајк; кој носи одлука за штрајк, што треба да содржи и до кого се доставува; кои се должностите на штрајкувачкиот одбор и претставниците на органот на кои им е најавен штрајк; кога престанува штрајкот; остварување на правото на штрајк на работниците во организациите и кај работодавачите кои вршат дејност или работи од посебен општествен интерес; остварување на правата од работен однос на работниците кои учествувале во штрајк(вклучително правата од ПИО во согласност со прописите); правото на личен доход, односно материјален надомест за време на штрајк може да се оствари доколку тоа е предвидено со колективен договор или со општ акт; парични казни за работодавачот, односно работникот за прекршување на Законот за штрајк. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ во 1993 год. покрена Иницијатива за поведување постапка пред Уставниот суд на РМ во врска со член 7 од Законот за штрајк со кој се ограничува правото на штрајк на работниците кои работат во организации кои вршат работи од посебен општествен интерес, односно може да се оствари ова право само под услов да се обезбеди„минимум на процесот на работа кој обезбедува сигурност на луѓето и имотот или се незаменлив услов за живот и работа на граѓаните или за работа на други организации“(член 7, точка 1 од Законот за штрајк). Иницијативата беше основана бидејќи во Уставот на РМ е утврдено за кои дејности со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк: во вооружените сили, полицијата и органите на управата. 310 Закон за штрајк:„Службен лист на СФРЈ“, бр. 23/1991 336 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten