Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Во отсуство на македонска законска регулатива за штрајкот, во 1998 год. синдикатите здружени во ССМ донесоа Правила за организирање штрајк, а во 2002 год. Правила за организирање генерален штрајк, како акти за автономно уредување на штрајковите. Одлуката за генерален штрајк ги содржи барањата на работниците, времето и местото на одр­жување. Генералниот штрајк требаше да се најави во Собранието на РМ, Владата на РМ и Стопанската комора на Македонија во рок од 10 дена. За непречено одвивање и безбедноста, организаторот треба да преземе мер­ки, да организира редарска служба и да го извести Министерството за вна­трешни работи за: целите, местото, времето и времетраењето на штрајкот или собирот. Во 2007 год., Правилата за генерален штрајк беа изменети и дополнети со конкретни решенија. 1.3. Закон за работните односи Правото на штрајк во ЗРО е регулирано во членовите од 236-245. Спо­ред решенијата од ЗРО:Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот од­нос, во согласност со закон. Страните во спорот се должни да поведат постапка за помирување, а штрајкот не смее да започне пред нејзиното завршување. Штрајкот мора писмено да биде најавен и организиран на начин со кој нема да се оне­возможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не учествуваат во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работо­давачот. За време на штрајк, работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа кои со своето однесување поттикнуваат насилнич­ко и недемократско однесување и ги оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот, а чиј број не смее да биде поголем од 2% од бројот на работниците учесници во штрајкот. За времето додека се от­странети од работа, за овие работници работодавачот ги уплатува придо­несите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите. Доколку работодавачот отстрани работници од работа за време на штрајк спротивно на закон, синдикатот може да поведе постапка пред суд и да бара надомест на штета која тој или работниците ја претрпе­ле од ваквата одлука на работодавачот. Работодавачот и синдикатот се спогодуваат и утврдуваат правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк(производно одржувачки и нужни работи) и кои нема да го попречат или ограничат пра­вото на штрајк. ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 337