Законот за јавните претпријатија, 316 Законот за административни службеници, 317 Законот за вработените во јавниот сектор, 318 Законот за судска служба. 319 Во 2016 год. во организација на Синдикатот на УПОЗ, се одржа штрајк на судските службеници со основно барање за исплата на додатоците на плата од 35%. Согласно членот 77 од Законот за судска служба на учесниците во штрајкот им беше исплатена плата во висина од 60% од платата што ја примиле во претходниот месец, но начинот на кој што средствата беа задржани беше незаконски, без да им се издаваат поединечни решенија за задршка на платата. Ова беше причина за уште помасовни штрајкови во наредниот период на овие вработени. 2. Други закони за штрајкот, протестите и јавните собири 320 2.1. Закон за евиденции од областа на трудот 321 Со овој Закон е воведена обврска за водење евиденција за штрајковите за: работодавачот кај кого се одржува штрајк; вкупниот број на вработени и бројот на вработени кои учествуваат во штрајк; времето на започнување и завршување на штрајкот; кој синдикат го организирал штрајкот; дали штрајкот е организиран на ниво на работодавач или во одделна деловна единица; дали штрајкот бил претходно најавен и кога; дали пред одржувањето на штрајкот му претходеле преговори за спогодбено решавање на спорот; кои се барањата на штрајкувачите. Евиденцијата за штрајковите согласно овој Закон треба да ја води работодавачот кај кого се одвива штрајкот и да ја доставува до мнозинскиот синдикат. Врз основа на добиените податоци од работодавачот, мнозинскиот синдикат води единствена евиденција за сите штрајкови во Република Северна Македонија и изготвува годишни извештаи за одржаните штрајкови и протести врз основа 316 Закон за јавните претпријатија:„Службен весник на РМ“, бр.: 38/96; 6/02; 40/03; 49/06; 41/14 317 Законот за административни службеници:„Службен весник на РМ“, бр.: 27/14; 199/14; 48/15; 154/15. 318 Законот за вработените во јавниот сектор:„Службен весник на РМ“, бр. 27/14; Измени и дополнување:„Службен весник на РМ“, бр. 199/14; 27/16; 35/18 319 Закон за судска служба:„Службен весник на РМ“, бр. 43/14 320 Покрај наведените закони во овој труд во кои е регулирано правото на штрајк, постојат и повеќе други закони кои содржат одредби за штрајкот: Кривичен законик; Закон за агенции за привремени вработувања; Закон за железничкиот систем; Закон за воздухопловството; Закон за поштенските услуги; Закон за комуналните дејности; Закон за судовите; Закон за културата; Закон за основното образование; Закон за средното образование; Закон за заштита на децата; Закон за здравствена заштита; Закон за шумите; Закон за Агенцијата за разузнавање; Закон за заштита на населението од заразни болести, и др. 321 Закон за евиденциите од областа на трудот:„Службен весник на РМ“, бр.: 16/04; 102/08; 31/13\ ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ – ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 339
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten