на добиените податоци од својата организациона мрежа и ги доставува до МТСП. По изготвените извештаи за одржаните штрајкови и протести се води расправа на органите и телата на синдикатот и се предлагаат можни начини за решавање на колективните спорови и конфликти кои произлегуваат од работниот однос, притоа преферирајќи го нивното мирно спогодбено разрешување и користење на сите механизми на социјалниот дијалог. 2.2. Закон за мирно решавање на работните спорови 322 Законот содржи одредби за штрајкот според кои во случај на спор во дејностите од општ интерес или во дејностите во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, страните во спорот се должни да пристапат и мирно да го решат колективниот спор во рок од 10 дена од поднесеното барање. Во овие дејности спаѓаат: електростопанството, водостопанството, сообраќајот, радиотелевизијата чиј основач е РСМ, единиците на локалната самоуправа, ПТТ услугите, комуналните дејности, производството на основни прехранбени производи, здравствената и ветеринарната заштита, образованието, заштитата на децата, социјалната заштита, полицијата и одбраната. 2.3. Закон за јавните собири 323 Овој Закон го уредува начинот на остварување на правото на граѓаните на јавно собирање во отворен или затворен простор заради мирно изразување на мислење и јавен протест, без да се ограничува правото на граѓаните кои не учествуваат во јавниот собир на слободно движење и другите права утврдени со Уставот на РСМ, како и случаите кога ќе се прекине одржувањето на јавен собир. Организаторот на јавниот протест, во интерес на безбедноста, може да го извести Министерството за внатрешни работи најдоцна 48 часа пред почетокот на одржувањето на јавниот собир и да преземе мерки за негово непречено организирање и одвивање. Организаторот или Министерството ќе го прекине одржувањето на јавниот собир, ако дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на граѓаните и имотот. 322 Закон за мирно решавање на работните спорови:„Службен весник на РМ“, бр. 87/07 323 Закон за јавните собири:„Службен весник на РМ“, бр. 55/95; Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните собири:„Службен весник на РМ“, бр. 19/06; 66/07 340 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten