Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

надоместок на плата во висина од 70% од најниската плата утврдена со Колективниот договор и им плаќа придонеси од плата утврдени со посеб­ните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите. 4. Повод, причини и барања за време на штрајковите, протестите и другите форми на искажување на работничкото незадоволство 4.1. Повод и причини за штрајк Штрајкот е непродуктивен за работниците, за работодавачите и за це­лата општествена заедница. Реагирањето само во случај на долготрајност и масовност на штрајкот води кон популаризирање на штрајкот и придо­нес кон издигнување на свеста на работниците дека единствениот ефика­сен излез при решавањето на нивните економско-социјални проблеми е јавното и гласно манифестирање на незадоволството и револтот преку прекин на работењето и излегување на улица. Немањето разбирање за решавање на работничките права( Surdo fabulam naras на глувиот залудно му зборуваш/ латински израз), отсу­ството за навремено реагирање на одговорните во настанатите конфликт­ни состојби, нивниот игнорантски однос кон поставените работнички ба­рања е најчестиот повод и причина за штрајк. Со започнувањето на транзицијата, штрајковите земаа силен замав, се јави штрајкувачко движење кое ја опфати целата држава. Штрајковите беа масовни, со учество на сите вработени, единствени во намерата да истра­ат во остварувањето на своите барања. Еден од многуте штрајкови, беше големиот штрајк воРудници и железарница Скопје, започнат воТопла валавница, во 1986 год. кога работниците(во тој период имаше 12.000) организирано, во колона, излегоа пред Собранието на СРМ. Работници­те штрајкуваа бидејќи тогашниот Сојузен извршен совет не дозволи да се спроведе одлуката за зголемување на платите. Причината за масовноста на штрајковите во овој период беше отсу­ството на соодветен пристап и стратегија да се предвидат и навремено да се отстрануваат поводите за штрајковите, да се создава амбиент за развој на економијата, за почитување и вреднување на трудот, за квалитетно ис­полнување на работничките барања за достоинствен живот. За да се амортизираат причините за штрајк, синдикатите бараа да се обезбеди социјален дијалог и партнерство, активно учество и ангажи­рање на ресорните министерства и другите одговорни институции за пра­шања кои ги засегнуваат работниците. Да се консултира синдикатот, како 342 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)