застапник на правата и интересите на носителите на трудот, кога се носат одлуки кои се од витално значење за нивната материјална и социјална положба. 4.2. Штрајкувачки барања Организирањето на штрајковите и штрајкувачките барања во било кој период, претежно се од економско-социјален карактер, односно за подобрување на материјалната и социјалната положба на работниците: y Исплата на плати и придонеси од плата; y Зголемување на платите согласно трошоците на живот; y Подобрување на условите за работа; y Да се остварува правото на колективно договарање и да се потпишуваат и почитуваат колективните договори; y Да нема стечаи, технолошки вишоци и ликвидација на претпријатијата; y Стечајните работници и работниците технолошки вишок да се згрижат материјално; y Да се создаваат услови за непречено одвивање на работниот процес; y Против незаконските решенија за прекин на работниот однос; y Да се носат закони по европски терк, со почитување на меѓународните трудови стандарди; y Да се почитува правото на слободно синдикално организирање и здружување; y Да се утврдува најниската плата во општите колективни договори; y Воведување на категоријата минимална плата, гарантирана за сите работници во државата; y Да се остварува правото на платен одмор: дневен, неделен и годишен; y Да се организира ноќната работа согласно закон; y Против прекувремената работа, а за скратување на работното време; y Смена на раководната структура заради несовесно, неодговорно и незаконско работење; y Да се сменат стечајните управници кои несовесно ја извршуваат својата должност; y Против незаконската приватизација и ревизија на приватизацијата на дел претпријатија; y Остварување на правото на: пензиско, здравствено и инвалидско осигурување; y Остварување на правото на пензија под повеќе услови; y Да се вклучуваат синдикатите при носењето на нови или измени и дополнувања на трудовите закони. ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ – ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 343
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten