Во духот на традицијата, Први мај, меѓународниот ден на трудот, во годините кога македонските работници најизразито ги чувствуваа тешките транзициски економски состојби, синдикатите одржуваа пригодни манифестации и објавуваа прогласи. Синдикатите бараа: во државата да се донесат економски и други мерки кои ќе го запрат колапсот на стопанството и опаѓањето на животниот стандард на работниците и граѓаните; за мир и меѓународно признавање на Република Македонија; да се води рамноправен социјален дијалог и колективните договори да бидат единствениот инструмент за остварување на економско-социјалните права на работниците; да се носи работно законодавство со европски стандарди; да нема технолошки вишок, стечаи и ликвидација на претпријатијата; да се развива и поддржува работничкото акционерство; да се обезбедува материјална и социјална сигурност на вработените; редовни и повисоки плати, итн. Постоеше и традиција на овој ден ССМ да доделува плакети со дипломи, парични и други награди и признанија за најуспешни претпријатија, работници поединци, синдикални организации, синдикалци, 332 а Сојузот на синдикатите на Југославија, доделуваше Првомајска повелба. 333 На Први мај, симболот на вековната борба за добробит на творците на општественото богатство – работниците и нивните синдикати ја искажуваат подготвеноста за солидарност и продолжување на традицијата за јакнење на заедништвото меѓу работниците од целиот свет за подобрување и заштита на правата од работа. 14.1. Одбележување на Први мај од синдикатите во РМ/РСМ Во 1991 год. ССМ објави Првомајски проглас во кој ги изнесе приоритетите:„материјална и социјална сигурност за работниците; праведна заработувачка за пристоен живот; животни и работни услови – достојни за човекот; учество во донесувањето на одлуките што ја одредуваат материјалната и социјална положба; за работничка солидарност; заштита на правата на синдикалното членство; целосна примена на колективните договори; материјална и социјална сигурност на работниците прогласени за 332 Во 1989 год., по повод Први мај, ССМ ги награди со плакета со диплома: Советот на ССМ на општината Делчево; конференциите на ОО на синдикатот при„Рудници и железарница“, Скопје; РО за ПТТ сообраќај„Македонија“; ОО на ССМ при РО„Југосуровина“. Диплома со библиотека е доделена на ОО на ССМ при УСО„Моша Пијаде“ – Крива Паланка; РО„Радика“ – Дебар; РО„Винка“ – Виница; Конференцијата на ОО на ССМ при„Меркур Импорт“ – Скопје; Југословенскиот клуб„Гоце Делчев“ – Вилхелмхафен, СР Германија. Диплома со музички инструменти е доделена на: ОО на ССМ при РО за згрижување, воспитување и образование на деца од предучилишна возраст„Мајски цвет“ – Скопје. Диплома со парична награда е доделена на работници од: Рудници за олово и цинк„Злетово“ – Пробиштип,„Руен“ – Кочани,„Силика“ – Гостивар, УСО„Гоце Делчев“ – Куманово, Здружението за самостојни стопанственици- Скопје. 333 Првомајската повелба на ССЈ за 1989 год. беше доделена на: Советот на ССМ на општината Струга; ОО на ССМ при РО – ф-ка за опрема и преносници во состав на СОЗТ МЗ„Тито“, Скопје и при ООЗТ„Плодно Поле“ во ЗИК„Струмица“ – Струмица и Мелница„Полог“ при ЗИК Тетово- Тетово. 370 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten