12 западноевропски земји, денес таа се однесува на над 700 милиони луѓе, во 46 европски земји. 3 1. Структура и заштитени права Европската конвенција за човекови права заштитува претежно граѓански и политички права. Нејзината структура се состои од три дела. Во рамки на првиот дел е поместен каталогот на основните права и слободи, за кои државите-потписнички се обврзале дека ќе обезбедат заштита. Заштитените права се однесуваат на: a. Физичкиот интегритет и достоинство на секој човек(право на живот, член 2; забрана за мачење, член 3; забрана за ропство, член 4; право на слобода и безбедност, член 5); б. Законита и правична судска постапка(право на правично судење, член 6; забрана за ретроактивно кривично законодавство, член 7; право на ефективен правен лек, член 13); в. Заштита на личниот живот(право на почитување на приватниот и семејниот живот, член 8; слобода на мисла, совест и вера, член 9; право на брак, член 12; забрана за дискриминација, член 14); г. Заштита на комуникацијата и учеството во општеството(слобода на изразување, член 10; слобода на собирање и здружување, член 11). Освен претходно наведените права, дополнителни права се заштитени преку разни протоколи кои биле додадени кон Конвенцијата подоцна како резултат на консензусот постигнат меѓу државите договорни страни, во однос на заштитата на одредени права. На овој начин е овозможена заштита на следните права: a. Право на сопственост, право на образование, право на слободни избори(Протокол 1); б. Забрана за затворање поради долг, слобода на движење, право на државјанинот да не биде протеран и на влез во државата, забрана за колективно протерување странци (Протокол 4); в. Аболиција на смртната казна(Протокол 6); г. Процедурална заштита во однос на протерување странци, право на жалба во кривична постапка, право на компензација за грешки на правдата, ne bis in idem , еднаквост меѓу сопружниците(Протокол 7); д. Генерална забрана за дискриминација(Протокол 12); ѓ. Аболиција на смртната казна во сите околности(Протокол 13). Претходно наведените протоколи, кои додаваат дополнителни права кон Конвенцијата, се задолжителни за државите коишто ги ратификувале. Останатите протоколи содржат одредби коишто го менуваат контролниот механизам на Конвенцијата. 3 Harris, David J., О’Boyle, Michael., Bates, Ed P., and Buckley, Carla M., Harris, O’Boyle& Warbrick: Law of the European Convention on Human Rights , Fifth Edition, Oxford University Press, 2023, p. 4. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 13
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten