Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

во националното право Европската конвенција за човекови права, како меѓународен договор кој е ратификуван од страна на Собранието на Република Северна Македонија 117 и станал дел од правниот систем на Република Северна Македонија согласно монистичката доктрина, е директно применлива и има директен ефект. Директната спроведливост на меѓународните дого­вори пред националните судови и предноста на меѓународните договори во случај на конфликт со одредби на законите е предвидена со член 118 од Уставот на РСМ, според кој меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од вна­трешниот поредок и не може да се менуваат со закон. 118 Дополнително, во контекст на директната спроведливост на меѓународните договори пред националните судови, треба да се има предвид и член 98 од Уставот на РСМ, 119 според којсудовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Сепак, може да се тврди дека меѓународните договори за човекови права уживаат по­висок степен на правна сила во однос на останатите меѓународни договори. Овој статус на меѓународните договори за човекови права се должи на тоа што, согласно член 8 од Уставот на РСМ, основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати со меѓу­народното право и утврдени со Уставот, се сметаат за една од темелните вредности на уставниот поредок на РСМ. 120 Имајќи ги предвид член 8, член 98 и член 118 од Уставот на РСМ, може да се заклучи дека местото на ЕКЧП, во рамки на хиерархиската структура во правниот систем на РСМ, може да се лоцира некаде помеѓу Уставот и законите. Имено, хиерархиската позиција на ЕКЧП е сместена под Уставот на РСМ, но над законите. Правата и слободите заштитени со Кон­венцијата се применуваат паралелно со основните слободи и права на човекот и граѓани­нот, заштитени со Уставот на РСМ. 121 Судската практика на ЕСЧП, настаната како резултат на толкувањето и примената на ЕКЧП од страна на Судот, претставува неопходно сознание во контекст на исполнување на об­врските на една држава-членка на Конвенцијата и примената на Конвенцијата, како дел од внатрешниот правен поредок. Имено, ЕКЧП не може да се сведе само на нејзиниот текст, туку текстот мора да се земе предвид заедно со неговото толкување од страна на ЕСЧП. Во оваа смисла, би било погрешно Конвенцијата да се користи само во нејзиниот текстуален контекст, како што обично се користат домашните закони, без повикување на судската практика на ЕСЧП. 122 Според тоа, произлегува дека скоро е невозможно за една држава-членка да ги исполни обврските што произлегуваат од Конвенцијата без примена на судската практика на ЕСЧП. 117  Закон за ратификување на Европската конвенција за човекови права, Службен весник на Р. Македонија бр. 11/1997 од 11.03.1997. 118  Koljackova., Sandra, The Case Law of the European Court of Human Rights from the Republic of Macedonia and Its Impact on the Do­mestic Law, Masters Thesis, Webster University of London, London, 2008. 119  Устав на Република Македонија, Службен весник на Р. Македонија, бр. 52/1991. 120  Ibid. p. 21. 121  Ibid. 122  Спировски, Игор, Јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права(збирка на пресуди), 2 август, Штип, 2007, стр. 7. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 34 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур