и Европската Унија Европската Унија има законодавна и извршна надлежност со која може да дејствува кон државите членки или кон приватни лица на начин што влијае врз нивните права и обврски предвидени со Европската конвенција за човекови права. Што се однесува до положбата на ЕУ во однос на Конвенцијата, сè уште не може да се поднесе жалба до ЕСЧП против неа според Конвенцијата за какво било дејствување на нејзините институции, бидејќи ЕУ не е договорна страна на Конвенцијата. 130 По долга дебата и двоумење низ годините, беше воведена значајна новина со Договорот од Лисабон од 2007 година, кој стапи во сила во 2009 година. Имено, член 6(2) од Договорот за Европската Унија беше изменет со Договорот од Лисабон, при што е предвидено дека ЕУ ќе пристапи кон Конвенцијата, без притоа да бидат нарушени надлежностите на Унијата предвидени во договорите. Исто така, Протокол 14 кон Конвенцијата од 2004 година, кој стапи во сила во 2010 година, го измени член 59 од Конвенцијата за да ѝ дозволи на ЕУ да пристапи. Потоа, во 2013 година беше усвоен Нацрт-договор за пристапување на ЕУ кон Конвенцијата. Меѓутоа, во 2014 година, Судот на правдата на ЕУ, во своето Мислење 2/13 од 18 декември, 2014 година, оцени дека Нацрт-договорот не е во согласност со правото на ЕУ. Сепак, преговорите беа продолжени во 2020 година. Сегашната состојба донекаде се надминува со фактот дека Судот на правдата на ЕУ, како орган задолжен да го спроведува правото на ЕУ, ја применува Конвенцијата како дел од правото на ЕУ. Имено, уште една значајна новина воведена со Договорот од Лисабон е во однос на членот 6(3) од Договорот за ЕУ, каде е утврдено дека основните слободи и права гарантирани со ЕКЧП, како и оние што произлегуваат од уставните традиции заеднички за државите членки, ќе претставуваат општи принципи на правото на ЕУ. Дополнително, според Повелбата за основни права на ЕУ од 2000 година, судската практика на ЕСЧП е признаена како извор на човекови права во рамки на ЕУ и истата се користи од страна на Судот на правдата на ЕУ во таа смисла. Имено, Повелбата за основни права на ЕУ стапи во сила во 2009 година, со стапувањето во сила на Договорот од Лисабон, кој го измени член 6(1) од Договорот за ЕУ, со што Повелбата доби правно-обврзувачко дејство и иста правна вредност како и договорите, односно се вбројува во примарните извори на правото на ЕУ. 131 Во преамбулата на Повелбата за основни права на ЕУ изречно е наведено дека судската практика на Судот на правдата на ЕУ е извор за човековите права, заедно со: судската практика на ЕСЧП, правната традиција на државите-членки, ЕКЧП и Социјалната повелба на ЕУ и на Советот на Европа. Притоа, судската практика на Судот на правдата на ЕУ е составен дел на уставниот аcquis во ЕУ и како таква, таа е задолжителна за сите држави-членки. 132 Дополнително, член 52(3) од Повелбата за основни права на ЕУ предвидува дека, со оглед на тоа што истата содржи права гарантирани со ЕКЧП, значењето и опсегот на важноста на тие права ќе биде ист како на оние предвидени во Конвенцијата, како и дека ваквата одредба нема да го попречи правото на ЕУ да обезбеди повисоко ниво на заштита. Сето ова, се разбира, 130 Matthews v. the United Kingdom [GC], no. 24833/94, ECHR 1999-I. 131 Douglas-Scott, Sionaidh, The European Union and Human Rights after the Treaty of Lisbon , Human Rights Law Review 11:4, 2011. 132 Шкариќ, Светомир, Јурисприденцијата на Европскиот суд на правдата – модел за реформата на судството и на Уставниот суд на Република Македонија, во Зборник од научната расправа Реформата на институциите и нејзиното значење за развојот на Република Македонија, книга 5, ГТЗ, 2009, стр. 89. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 36 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten