Во оваа смисла, стручната служба на Судот: ги администрира предметите, ја подготвува преписката во врска со предметите и изготвува нацрт-одлуки наменети за разгледување од страна на судијата известител или судијата поединец. 165 1.2. Состав Судот е составен од онолку судии колку што има држави-членки на Советот на Европа. 166 167 Судиите треба да уживаат највисок морален углед и да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на највисоките судиски функции или да бидат признати правни стручњаци, со призната компетентност. 168 Судиите ја извршуваат својата судиска функција во лично својство, 169 односно тие не ја претставуваат државата чии државјани се. Во текот на нивниот мандат судиите не можат да вршат никаква активност што е неспоива со барањата за независност, непристрасност или со барањата за работа со полно работно време. 170 Судиите ги избира Парламентарното собрание на СE, одделно за секоја држава-членка, од листата на тројца кандидати именувани од засегнатата држава-членка. 171 Притоа, во согласност со измените внесени со Протоколот 15, кандидатите треба да имаат помалку од 65 години на датумот на кој листата од тројца кандидати била побарана од Парламентарното собрание. 172 Нивниот мандат изнесува девет години, во согласност со измените внесени со Протоколот 14, со цел да се зацврсти нивната независност и непристрасност. Тие не може да бидат повторно избрани 173 . Во согласност со претходниот систем, судиите се избирани за време од шест години, со право на реизбор, додека мандатот на половина од вкупниот број на судии избрани при првиот избор ќе заврши по три години. Исто така, порано било предвидено судиите чиј мандат ќе заврши по третата година да бидат извлечени со ждрепка од страна на Генералниот секретар на СЕ, веднаш по нивниот избор. 174 Дополнително, со влегувањето во сила на Протокол 15, избришана е одредбата што предвидуваше дека мандатот на судиите им завршува со наполнети 70 години возраст. Протоколот 14, исто така, го ревидира и системот за назначување на ad hoc судии во судски совет или во Големиот судски совет, во случај кога судијата кој е избран во однос на засегнатата држава и овластен да учествува како ex officio член на судскиот совет или на Големиот судски совет, не е во можност да учествува во работата или кога таков судија воопшто не постои. Во согласност со претходниот систем, засегнатата држава може да избере ad hoc судија откако постапката ќе биде започната. Овој начин на избор на ad hoc судија бил многу критикуван, особено од страна на Парламентарното собрание на СЕ бидејќи не е во согласност со основните стандарди за судска независност и непристрасност. Во врска 165 European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 19-20; Leach, Philip, Taking a Case to the European Court of Human Rights , Fourth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017, p. 29. 166 Член 20 од Европската конвенција за човекови права. 167 Во времето на пишување на оваа публикација, Судот е составен од 46 судии. 168 Член 21(1) од Европската конвенција за човекови права. 169 Член 21(3) од Европската конвенција за човекови права. 170 Член 21(4) од Европската конвенција за човекови права. 171 Член 22 од Европската конвенција за човекови права. 172 Член 21(2) од Европската конвенција за човекови права. 173 Член 23(1) од Европската конвенција за човекови права. 174 European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 15; McKaskle, Paul, the European Court of Human Rights: What It Is, How It Works, and Its Future , University of San Francisco Law Review, Vol. 40, 2005, p. 15-16. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 43
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten