со ова, новата одредба предвидува претседателот на Судот да го избере ad hoc судијата и тоа од листа што е претходно поднесена од страна на засегнатата држава. 175 1.3. Надлежност Во согласност со членот 32 од ЕКЧП,„надлежноста на Судот се однесува на сите прашања во врска со толкувањето и примената на Конвенцијата и нејзините протоколи, коишто ќе му бидат доставени според условите предвидени во членовите: 33, 34, 46 и 47.“ Ова значи дека Судот е надлежен да разгледува и да носи одлуки во однос на жалба доставена до Судот од некоја држава-членка на Конвенцијата за секоја наводна повреда на било која одредба на Конвенцијата и нејзините протоколи извршена од страна на друга држава-членка на Конвенцијата. Оваа надлежност на Судот е предвидена со членот 33 од Конвенцијата. Понатаму, Судот има надлежност да разгледува и да носи одлуки во врска со жалби доставени од страна на: физички лица, невладини организации или група поединци кои сметаат дека некоја држава-членка на Конвенцијата извршила повреда на некое нивно загарантирано право со Конвенцијата и нејзините протоколи. Оваа надлежност на Судот е содржана во членот 34 од Конвенцијата. Во согласност со измените на Конвенцијата предвидени со Протоколот 14, Комитетот на министри може да упати барање до Судот за толкување на некоја негова пресуда. Така, доколку Комитетот на министри смета дека надгледувањето на извршувањето на конечната пресуда е спречено заради проблеми при толкување на пресудата, под одредени услови може да се обрати до Судот со барање Судот да донесе одлука кои мерки треба да се преземат. Исто така, Комитетот на министри може да упати до Судот барање за утврдување дали некоја договорна страна ја исполнила својата обврска да се придржува кон конечната пресуда на Судот. Доколку Комитетот на министри смета дека некоја договорна страна одбива да ја спроведе конечната пресуда на Судот, под определени услови, може да побара од Судот да утврди дали таа страна ги исполнила своите обврски. Овие надлежности на Судот се предвидени со член 46 од Конвенцијата. Судот, исто така, има надлежност да дава советодавни мислења на барање на Комитетот на министри, во согласност со членот 47 од Конвенцијата. Во оваа смисла, Судот може да дава советодавни мислења за правни прашања во врска со толкувањето на Конвенцијата и нејзините протоколи. Овие мислења не може да се однесуваат на прашања во врска со содржината или обемот на правата и слободите содржани во првиот дел на Конвенцијата и соодветните протоколи, ниту, пак, може да се однесуваат на какви било прашања кои би можеле да се разгледуваат од страна на Судот или Комитетот на министри, а кои произлегуваат од постапка која е поведена во врска со тие права, во согласност со Конвенцијата. Со стапувањето во сила на Протоколот 16 кон Конвенцијата, на 1 август 2018 година, проширена е надлежноста на Судот да дава советодавни мислења. Имено, Судот има надлежност да дава советодавни мислења и во случај кога тоа ќе го побараат највисоките домашни судови и трибунали од државите-членки на Конвенцијата. Во оваа смисла, во 175 Committee on Legal Affairs and Human Rights of the Parlamentary Assembly of Council of Europe , Ad hod Judges at the European Court of Human Rights: An Overview , Council of Europe, Strasbourg, 2011, p. 1-4. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 44 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten