Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

согласност со членот 1 од Протоколот 16 кон Конвенцијата, судот или трибуналот на дого­ворната страна на тој Протокол може да побара од Судот да даде советодавно мислење за принципиелни прашања, поврзани со толкувањето или примената на правата и слободи­те во Конвенцијата и нејзините протоколи. 176 Во определени итни случаи, Судот може да изрекува и привремени мерки. За изреку­вањето на привремени мерки не постои одредба во самата Конвенција. Меѓутоа, во итни случаи, кога животот на жалителот е загрозен или кога постои значителен ризик од сери­озно малтретирање, Судот може да примени привремени мерки, според правилото 39 од Деловникот на Судот. 1.4. Постапка Во согласност со ЕКЧП, постојат два вида постапки кои можат да се водат пред Судот, и тоа: случаи на индивидуа против држава(индивидуални жалби), во согласност со членот 34 од ЕКЧП, и случаи на држава против држава(меѓудржавни случаи), во согласност со членот 33 од ЕКЧП. Притоа, определени правила во однос на постапката се однесуваат и на индивидуалните жалби и на меѓудржавните случаи. Првиот вид постапка, односно правото на поднесување на индивидуална жалба до Судот, е процесно право предвидено со членот 34 од ЕКЧП, со што, всушност, се поведува постапката пред Судот, а која понатаму може да се води само ако не постојат причини за нејзино отфрлање, односно ако поднесената жалба ги исполнува критериумите за до­пуштеност, предвидени со членот 35 од ЕКЧП. Притоа, секоја жалба што се смета за недо­пуштена може да биде отфрлена во која било фаза на постапката. 177 Постојат неколку групи основи за оценување на допуштеноста на жалбата, во согласност со ЕКЧП. 178 Првата група основи за оценување на допуштеноста на жалбата, содржана во членот 35 на ЕКЧП, се однесува на процесните основи за прогласување на една жалба за недопуште­на. Така, Судот може да ја разгледа жалбата откако ќе бидат исцрпени сите домашни прав­ни лекови, во согласност со општоприфатените начела на меѓународното право, во рок од четири месеци од денот кога е донесена конечната одлука. Понатаму, Судот нема да ја разгледува жалбата поднесена според членот 34 доколку е анонимна или доколку е суштински иста со некоја друга жалба што Судот веќе ја испитува или доколку веќе била поднесена до некоја друга инстанца на меѓународно испитување или спогодување и до­колку не содржи нови релевантни факти. Исто така, Судот ќе ја прогласи жалбата поднесе­на во согласност со членот 34 за недопуштена, ако содржи злоупотреба на права. Втората група ги опфаќа основите за допуштеност кои се однесуваат на надлежноста на Судот да решава по жалби од аспект на: ratione personae, ratione loci, ratione temporis и ratione materiae . Оваа група основи се базира на членот 35(3)(а), според којСудот нема 176  Правило 92(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 177  Член 35(4) од Европската конвенција за човекови права. 178  European Court of Human Rights, Practical Guide on Admissibility Criteria, Updated on 31 August 2019, Council of Europe, Stras­bourg, 2019, p. 22-77; Фрчкоски, Љубомир Д., Меѓународно право за правата на човекот, Трето издание, Магор, Скопје, 2012, стр. 198-206; Leach, Philip, Taking a Case to the European Court of Human Rights , Fourth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017, p. 174­183. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 45