Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Конвенцијата 196 и правилото 62А од Деловникот на Судот. Имено, доколку жалителот ги одбие условите предвидени во предлогот за пријателска спогодба, засегнатата договорна страна може да поднесе барање до Судот да ја симне жалбата од листата на предмети, во согласност со членот 37(1) од Конвенцијата. Таквото барање е придружено со изјава во која јасно се потврдува дека имало повреда на Конвенцијата во случајот на жалителот, и преземање обврска да се обезбеди соодветно обесштетување и, доколку е соодветно, да се преземат неопходните корективни мерки. Вториот вид постапки коишто можат да се водат пред ЕСЧП се меѓудржавните случаи, во согласност со членот 33 од ЕКЧП. Имено, освен за жалбите на поединци поднесени про­тив определена држава-членка на ЕКЧП, Судот е надлежен и за жалбите на држави-член­ки поднесени против други држави-членки на ЕКЧП, односно надлежен е и за решавање на меѓудржавни случаи. Така, секоја договорна страна може да се обрати до Судот за се­која наводна повреда на одредбите на Конвенцијата и нејзините протоколи од страна на друга договорна страна. Значи, за разлика од правото на жалба на поединците, коешто е ограничено само на повредите на правата загарантирани со ЕКЧП и нејзините протоколи, кај меѓудржавните случаи жалбата може да се однесува на било која одредба на ЕКЧП и нејзините протоколи. 197 Во однос на испитувањето на допуштеноста на овој вид жалби, се применува само обвр­ската за исцрпување на домашните правни лекови и правилото на четири месеци, но не и другите критериуми за допуштеност, кои мора да бидат исполнети кај индивидуалните жалби. Исто така, за разлика од поединецот, кој треба да докаже дека е жртва на повреда на некое право, во овој случај договорната страна којашто ја поднесува жалбата може да ја оспорува легислативата или административната практика на некоја друга договорна страна којашто причинила очигледна повреда на некое право, без, притоа, да мора да на­ведува конкретни примери на таквата повреда. Всушност, меѓудржавните случаи се пред­видени со цел да се обезбеди дополнителна и објективна заштита на слободите и правата на човекот, без оглед на државјанството на конкретните жртви. 198 2. Допуштеност на жалбите Правото на индивидуална жалба, гарантирано со членот 34 на Конвенцијата, на поедин­ците им дава право да поднесуваат жалби до ЕСЧП. Ова право на индивидуална жалба претставува една од основните гаранции за ефективноста на системот на Конвенцијата. Имено, член 34 од ЕСЧП гласи:Судот може да прима жалби од секое физичко лице, не­владина организација или група поединци кои се сметаат за жртва на повреда на правата признаени во Конвенцијата или во нејзините протоколи, што ја извршила една од Висо­ките договорни страни. Високите договорни страни се обврзуваат со никаква мерка да не го спречуваат ефективното вршење на ова право. Притоа, жалителите може да изберат 196  Член 37(1) од Европската конвенција за човекови права предвидува:Во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да симне определена жалба од списокот на предмети, доколку околностите овозможуваат да се заклучи дека: а) жалителот нема намера да продолжи со неговата жалба; или б) спорот е решен; или в) од било која причина, чие постоење го утврдува Судот, не е повеќе оправдано да се продолжи со разгледување на жалбата. Сепак, Судот продолжува со разгледувањето на жалбата ако тоа го бара почитувањето на човековите права загарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи. 197  Фрчкоски, supra note 141, стр. 217. 198  Ibid ., стр. 217-218. II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 49