Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Примената на овој критериум за допуштеност треба да обезбеди дека ќе се избегнува отфрлање на случаи кои, и покрај нивната тривијална природа, покренуваат сериозни прашања кои влијаат врз примената или толкувањето на Конвенцијата, или важни пра­шања кои се однесуваат на националното право. 665 Така, во случајот Daniel Faulkner v. the United Kingdom , 666 Судот сметал дека нема потреба да утврди дали жалителот претрпел значителна штета, бидејќи неговата жалба покренала прашање на принцип според член 5 од Конвенцијата, кое требало да биде разгледано од страна на Судот. Значи, дури и во случај кога жалителот не претрпел значителна штета, ќе постои потреба од дополнително испитување на случајот доколку се покренуваат прашања од општ ка­рактер, кои влијаат на почитувањето на правата заштитени со Конвенцијата. Такви пра­шања од општ карактер би се појавиле, на пример, во случај кога постои потреба да се објаснат обврските на државите според Конвенцијата или да се поттикне тужената држа­ва да реши некој структурен недостаток што влијае врз други лица коишто се наоѓаат во иста положба како жалителот. Во оваа смисла, во случајот Finger v. Bulgaria , 667 Судот сметал дека не е потребно да се ут­врди дали жалителот претрпел значителна штета, бидејќи почитувањето на човековите права, во контекст на потенцијалниот системски проблем на неразумно траење на граѓан­ската постапка и, наводен, недостаток на ефективен правен лек, наложило испитување на случајот во однос на основаноста. Исто така, во случајот Živić v. Serbia, 668 Судот утврдил дека дури и под претпоставка дека жалителот не претрпел значителна штета, случајот по­кренал прашања од општ интерес што барале испитување. Ова се должело на неконзис­тентната судска практика на Окружниот суд во Белград во однос на правото на правична плата и еднаква плата за еднаква работа, односно плаќање на истиот пораст на платата доделен на определена категорија полициски службеници. 3. Извршување на пресудите Државите-членки на ЕКЧП имаат обврска да ги извршуваат пресудите на ЕСЧП, при што Комитетот на министри на СЕ е задолжен да врши надзор над извршувањето. Со цел да се имплементира оваа општа обврска за извршување на пресудите донесени од страна на ЕСЧП, која е поделена на повеќе видови посебни обврски, од државите се бара да ус­војат индивидуални и општи мерки. Усвојувањето на овие мерки од страна на државите е многу значајно за заштита на човековите права во Европа од причина што на тој начин се обезбедува навистина да бидат заштитени правата на поединецот загарантирани со Конвенцијата и се спречува повторување на случаите кои се поднесуваат до Судот. 669 Правната основа за општата обврска за извршување на пресудите на ЕСЧП е предвидена во членот 46 од ЕКЧП. Така, во согласност со членот 46(1), државите-членкисе обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во споровите во кои тие се странки, додека членот 46(2) предвидува декаконечната пресуда на Судот му се доставува на Ко­665  Maravić Markeš v. Croatia , No. 70923/11,§§ 50-55, 9 January 2014. 666  Daniel Faulkner v. the United Kingdom , No. 68909/13,§ 27, 6 October 2016. 667  Finger v. Bulgaria , No. 37346/05,§§ 67-77, 10 May 2011. 668  Živić v. Serbia , No. 37204/08,§§ 36-42, 13 September 2011. 669  Forst, supra note 61, p. 1-4. 114 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур