Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

проценат ова прашање пред Судот тоа да го стори. Да се даде заклучок за мериторноста на случајот би можело да опфати прејудицирање на исходот од тековната кривична по­стапка. Второ, Судот забележал дека барање за надомест на штета веќе било воведено во рамки на истата кривична постапка и со него ќе се постапи во согласност со Законот за кривична постапка. Такво дејство од страна на жалителите има за цел да им обезбе­ди парична отштета за наводното прекршување на нивните имотни права. Кривичните судови можат да одлучат по барањето за надомест, освен ако околностите бараат такво­то барање да се префрли од страна на тие судови на решавање во граѓанска постапка. Од овие причини не може да се земе како пропуст фактот што жалителите не поднеле посебно тужбено барање за надомест пред граѓанските судови. Конечно, иако Владата експлицитно не го аргументирала тоа, достапната судска практика во однос на тужената држава укажува дека исходот на кривичната постапка не е одлучувачки за веројатнос­та за успех на барањето за надомест на жалителите(види: mutatis mutandis , Koceski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 41107/07,§§ 26-27, 22 October 2013; Popovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 12316/07,§ 43, 31 October 2013; Sulejmani v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 74681/11,§ 42, 28 April 2016; и Delovski v. North Macedonia (dec.), no. 56148/15,§ 25, 7 July 2020). Според ова, земајќи ги предвид околностите на разгледуваниот случај, Судот сметал дека жалбениот навод на жалителите според член 1 од Протоколот 1 е преуранет. Од овие при­чини, следувало дека жалбениот навод мора да биде отфрлен според член 35, став 1 и 4 од Конвенцијата поради неисцрпување на домашните правни средства. 4. ВАНГЕЛОВА И ДРУГИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 703 Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на смеќавање на владение на земјиште во сопственост на жалителите) заради неисцрпување на домашните правни средства(искористено е неефективно правно средство, додека барањето за надомест на штета претставува ефективно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи) Кратко резиме на случајот Жалителите во овој случај откриле дека врз земјиштата кои биле нивна сопственост бил направен општински пат и дека неколку кабли за пренос на струја минувале преку истите, без претходно да биде спроведена каква било постапка за експропријација или надомест. Тие тврделе дека не биле известени за дозволата за градење која била издадена за па­тот кој требало да минува низ нивното земјиште, ниту, пак, за договорот склучен помеѓу општината и компанијата за електродистрибуција во врска со преместување на дално­вод, во согласност со кој би биле поставени електрични кабли преку нивното земјиште. Жалителите поднеле граѓанска тужба според Законот за сопственост против општината во која се наоѓале нивните земјишта и против компанијата за електродистрибуција. Тие побарале домашните судови да утврдат дека тужените го попречиле мирното уживање на нивниот имот, да ги обврзат тужените да им гo вратат владението, да забранат на­тамошно смеќавање на нивното владение со тоа што ќе наредат патот и каблите да се 703  Vangelova and Others v. North Macedonia (dec.), no. 17218/17, 17 May 2022. III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 135