Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Според членот 35, став 1 од Конвенцијата, Судот може да разгледува жалба само отка­ко ќе се исцрпат ефективните домашни правни средства. Општите принципи во врска со исцрпувањето на домашните правни средства се сумирани во случајот Gherghina v. Romania (dec.)[GC], no. 42219/07,§§ 83-89, 9 July 2015, with further references). б. Образложение Судот забележал дека, во повторената постапка, жалителите, главно, побарале од судови­те да утврдат дека постоело попречување на мирното уживање на нивното владение врз земјиштата. Со оглед на ограничената природа на таквото барање според домашното пра­во и прашањата за кои може да се одлучува при неговото разгледување, Судот сметал дека ова правно средство ниту давало можност да ја спречи или брзо да ја оконча навод­ната повреда, ниту овозможувало соодветно обесштетување за каква и да е наста­ната повреда, услови кои Судот бара да бидат исполнети со цел правното средство да се смета заефективно за потребите на членот 35, став 1 од Конвенцијата(види: Gherghina , цитиран горе,§ 91, with further references). Понатаму, домашните судови утвр­диле дека изградбата на патот и поставувањето на електричните кабли на земјиштето на жалителите биле законски. Дополнително, жалителите самите прифатиле дека изградбата на патот била од јавен интерес. Во вакви околности, Судот сметал дека правното средство за надомест на штета ќе им обезбедело соодветно обесштетување на жалителите за ме­шањето во нивните сопственички права. Според ова, жалителите можеле, како што тоа го посочил домашниот суд и како што аргументирала Владата, да започнат постапка за на­домест на штета што ја претрпеле како резултат на de facto експропријација. Во светло на домашната судска практика приложена од Владата, Судот потврдил дека започнувањето на таква постапка ќе претставувало ефективно правно средство во нивната ситуација, во согласност со член 35, став 1 од Конвенцијата. Сепак, откако жалителите го повлекле нив­ното почетно барање за надомест, тие не започнале други постапки за барање надомест. Жалителите не поднеле никаков доказ дека ова правно средство било од некоја причина несоодветно или неефективно во особените околности на случајот, ниту, пак, дека постоеле посебни околности кои ги изземале од обврската истото да го искористат(види: Vučković and Others v. Serbia(preliminary objection) [GC], no. 17153/11 and 29 others,§ 77, 25 March 2014). Заклучно, Судот сметал дека жалителите не им дале можност на државните судови да ги спречат или исправат повредите на Конвенцијата преку сопствениот правосуден систем(види: Gherghina , цитиран погоре,§115). Според тоа, Судот констатирал дека приговорот на Владата за неискористување на до­машните правни средства мора да се уважи, а жалбата да се отфрли како недопуштена според член 35, став 1 и 4 in fine од Конвенцијата. 5. ГЕРГУРИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 704 Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на одлуката на управните органи на жалителот да му биде одземена определена сума парични средства) како неспоив ratione personae поради недостиг на статус на жртва 704  Gerguri v. North Macedonia (dec.), no. 54953/16, 18 November 2021. III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 137