жалителот ги доставил, се изводи од банкарската сметка на компанијата во Германија. Другиот дел од банкарските изводи се изводи од банкарска сметка на трето лице. Не бил доставен ниту еден доказ за докажување на поврзаноста помеѓу жалителот и компанијата во Германија, ниту на поврзаноста на компаниите од Косово и Германија. Конечно, потврдата за повлекување средства од касата на компанијата од Косово се однесувала на износ, кој не одговарал на износот пронајден кај жалителот, ниту, пак, било доволен доказ дека тоа се средствата што тој ги носел со него. Дополнително, бидејќи жалителот никогаш не тврдел дека средствата му припаѓале лично нему, самиот факт дека парите биле одземени од него, не бил доволен за да може да се утврди дека тој имал„владение“ врз средствата за целите на членот 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата(види: Eliseev and Ruski Elitni Klub v. Serbia , no. 8144/07,§ 33-34, 10 July 2018 и Dagostin v. Croatia, no. 67644/12,§ 24, 23 May 2017). Следствено, жалбата е прогласена за неспоива ratione personae со одредбите на Конвенцијата, во согласност со членот 35, став 3(а) и е отфрлена во согласност со членот 35, став 4. 6. ШИПОВИЌ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 705 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата(во однос на причините за притворот на жалителите и можноста да бидат ослободени со гаранција) како неспоив ratione personae заради недостиг на статус на жртва → Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на усна расправа во постапката за преиспитување на притворот пред советот и пред Апелациониот суд) заради непочитување на рокот од шест 706 месеци Кратко резиме на случајот Во овој случај Судот споил две жалби, од причина што, со оглед на нивниот сличен предмет, сметал дека е соодветно да ги разгледа заедно во единствена одлука. Жалителите се браќа, а вториот жалител бил претседател на советот на општината. На 10 октомври 2013 година, истражен судија од Основен суд(„судечкиот суд“) повел истражна постапка против жалителите и неколку други лица под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Првиот жалител бил приведен на 9 oктомври 2013 година. Наредниот ден бил сослушан од истражен судија кој му определил притвор во траење од триесет дена. Решението се засновало на сите три основи наведени во член 199, став 1 од Законот за кривична постапка: опасност од бегство, попречување на истрагата и повторување на делото. Судијата се повикал на тежината на предвидената казна, можноста првиот жалител да влијае врз сведоците и фактот дека тој поседувал сопствена фирма и можел да ја злоупотреби својата позиција за да се стекне со противправна имотна корист. Тој не го обжалил решението. На 8 ноември 2013 година, совет од тројца судии, заседавајќи на нејавна седница, донел 705 Shipovikj v. North Macedonia (dec.), nos. 77805/14 and 77807/14, 9 March 2021. 706 Како што беше претходно споменато, со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата на 1 август 2021 година, рокот од шест месеци предвиден во член 35(1) од Конвенцијата беше намален на четири месеци. Притоа, општите принципи во судската практика на ЕСЧП во однос на функционирањето на поранешното правило на шест месеци остануваат валидни и во однос на функционирањето на новиот временски рок од четири месеци. Конкретниот случај е разгледуван кога сè уште било во сила правилото на шест месеци. 140 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten