Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

на жалителите во врска со нивниот притвор кој бил продолжуван биле одбиени од Апела­циониот суд: на 30 ноември 2013 година, на 8 јануари 2014 година, на 27 март 2014 година, на 28 април 2014 година и на 21 мај 2014 година, соодветно. На судското рочиште одржа­но на 23 мај 2014 година, судечкиот совет ја заменил мерката притвор на жалителите со куќен притвор. Жалителите не поднеле жалба против тоа решение. Бидејќи жалбените наводи на жалителите според член 5, став 4 биле доставени до ЕСЧП на 10 и 11 декември 2014 година, и со оглед на тоа што постапката за надомест на штета не се однесувала на наводното отсуство на јавни расправи, специфичен процесен недостаток на постапката за испитување на притворот на жалителите(види: Dimo Dimov and Others , цитиран погоре, §§ 58 и 62), произлегло дека овие жалбени наводи биле поднесени надвор од рокот од шест месеци и треба да бидат отфрлени како ненавремени, согласно член 35, став 1 и 4 од Конвенцијата. 7. ДЕЛОВСКИ И ДРУГИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 707 Недопуштеност на жалбениот навод според член 2 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) заради очигледна неоснованост(исполнето е барањето за воспоставување ефективен судски систем во контекст на ненамерно предизвикување смртни последици) Кратко резиме на случајот Овој случај се однесува на сообраќајна несреќа што се случила на 8 октомври 2014 година во центарот на Скопје, во која животот го загубил 76-годишниот К. Д. Жалители се негови­те две деца(прв и втор жалител) и неговата вдовица(трет жалител). Несреќата се случи­ла во попладневните часови, на двонасочен коловоз со нормално густ сообраќај. Според записникот на Министерството за внатрешни работи(МВР), К. Д. бил удрен од автомобил управуван од А. А., која тврдела дека тој одеднаш се појавил пред нејзиното возило. По ударот, неговата глава удрила во левиот ретровизор, а потоа паднал на земја. А. А. излегла од автомобилот и му помогнала. На 27 октомври 2014 година, МВР поднело кривична пријава против А. А. за тешки кривич­ни дела против луѓето и имотот во сообраќајот, приложувајќи документи, како: записници од увид, скици, фотографии и резултати од алкотест(кои покажале дека немало алкохол во крвта на А. А.). Обвинителството започнало постапка и сослушало изјави од првиот и вториот жалител, кои изразиле намера да бараат граѓански надоместок. Првиот жалител посочил два потенцијални сведоци: З. Ц., кој му пружил прва помош на К. Д. по несреќата, и Б. С., инвалид кој, според него, ја набљудувал несреќата од својот балкон. Наводно, Б. С. потврдил дека К. Д. поминал три ленти од коловозот пред да биде удрен, и дека во моментот на несреќата, во автомобилот имало четири лица, а не едно, како што било првично пријавено. Било сугерирано и дека автомобилот не го управувала А. А., туку нејзината ќерка, која била бремена и го напуштила местото на несреќата. Одбраната на А. А. доставила писмена изјава од сведок С. С., кој изјавил дека К. Д. го пре­минувал коловозот надвор од обележан премин и со наведната глава, заради што бил 707  Delovski and Others v. North Macedonia (dec.), no. 56148/15, 7 July 2020. 146 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур