Судот сметал дека времето што изминало за постапката пред Врховниот суд не треба да се земе предвид при пресметување на рокот од шест месеци, бидејќи ревизијата не била правен лек кој мора да се користи за целите на член 35, став 1 од Конвенцијата во околностите на случајот, со оглед на тоа што овој вонреден правен лек бил без изгледи за успех во конкретниот случај(види: Kocarova v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 37018/03, 13 November 2006 и Rezgui v. France (dec.), no. 49859/99, ECHR 2000‑XI). Имајќи предвид дека жалбата била поднесена до Судот на 3 декември 2012 година, Судот констатирал дека жалителите не го испочитувале правилото од шест месеци, според членот 35 од Конвенцијата. Следствено, било констатирано дека овој жалбен навод е поднесен ненавремено и мора да биде отфрлен согласно член 35, став 1 и став 4 од Конвенцијата. 10. БАЈРАМОВСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 714 → Недопуштеност на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводи за недостаток на непристрасност на Основниот суд) поради неисцрпување на домашните правни средства(жалбените наводи не се поднесени претходно до соодветниот домашен орган) → Недопуштеност на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводи за недостаток на непристрасност на Апелациониот суд) поради очигледна неоснованост(сомнежите на жалителот во однос на непристрасноста не може да се сметаат за објективно оправдани во околностите на случајот) Кратко резиме на случајот Во 2008 година, жалителот поднел граѓанска тужба против А. Л. и Х. Л. за признавање на правото на сопственост на имот пред Oсновен суд каде А. Л. бил назначен за судија. Претседавачкиот судија кој заседавал во случајот на жалителот го известил претседателот на Основниот суд дека судијата А. Л. бил странка во постапката и му рекол да побара од второстепениот суд случајот да се предаде на друг основен суд. На 23 мај 2008 година, претседателот на Основниот суд поднел такво барање до Апелациониот суд, кој, според членот 60 од Законот за парнична постапка, бил надлежен за назначување на друг суд од неговото подрачје да решава по предметот, доколку надлежниот суд не е способен да решава, поради изземање на судија. Aпелациониот суд не утврдил основ за да назначи друг надлежен суд за предметот и по неколку дена го вратил предметот пред Oсновниот суд. На 3 декември 2008 година, Основниот суд го одбил барањето на жалителот врз основа на тоа што таткото на жалителот го купил имотот од трета странка чиј законски претходник истиот го стекнал незаконски и со измама. Жалителот поднел жалба против таа пресуда. Во жалбата не изразил загриженост за наводен недостаток на непристрасност од страна на Основниот суд. Адвокатот на жалителот побарал од Врховниот суд да назначи друг второстепен суд да решава по предметот според членот 61 од Законот за парнична постапка, со оглед на фактот што двајца судии од Основниот суд(поранешни колеги на судијата А. Л.) биле назначени за судии во Апелациониот суд кој требало да одлучува по жалбата на жалителот. На 5 март 2009 година, Врховниот суд го одбил барањето на жалителот, утврдувајќи дека причините кои ги навел жалителот биле„нерелевантни“ и дека не е загаранти714 Bajramovski v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 14466/11, 26 June 2018. 158 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten