а. Релевантни принципи Релевантните принципи од Конвенцијата се резимирани во пресудата донесена во однос на случајот Morice (види: Morice v. France [GC], no. 29369/10,§§ 73-78, 23 April 2015, with further references). Според Судот, по правило, непристрасноста означува отсуство на предрасуди или пристрасност, и нејзиното постоење или непостоење може да биде тестирано на различни начини. Според утврдената судска практика, постоењето на непристрасност во смисла на членот 6, став 1 мора да се утврди во согласност со субјективниот тест, каде што мора да се има предвид личното убедување и однесувањето на одреден судија, односно дали судијата имал какви било лични предрасуди или пристрасност во даден случај; и исто така, според објективниот тест, односно со утврдување дали самиот трибунал и, меѓу другите аспекти, неговиот состав, нуделе доволно гаранции за да се исклучи секакво оправдано сомневање во однос на неговата непристрасност. б. Образложение Од субјективниот тест, Судот забележал дека мора да се претпостави постоење на лична непристрасност на еден судија додека не се докаже спротивното(види: Kyprianou v. Cyprus [GC], no. 73797/01,§ 119, ECHR 2005-XIII и Micaleff v. Malta [GC], no. 17056/06,§ 94, ECHR 2009). Во конкретниот случај Судот сметал дека жалителот не приложил никакви докази за личната пристрасност на тричлениот судски совет на Апелациониот суд. Според тоа, сметал дека случајот мора да се истражи од аспект на објективниот тест за непристрасност. Поточно, Судот мора да се осврне на прашањето дали сомнежите на жалителот кои потекнуваат од специфичните околности може да се сметаат за објективно оправдани во околностите на случајот. Судот забележал дека жалителот не се спротивставил на тврдењето на Владата дека ниту еден од двајцата судии кои биле поранешни колеги на А. Л. не биле во состав на тричлениот судски совет кој решавал по неговата жалба. Со оглед на ова и имајќи ја предвид изолираноста на каква било поврзаност помеѓу тричлениот совет и тужениот во текот на постапката, односно судијата А. Л., Судот сметал дека стравовите на жалителот за непристрасноста на Апелациониот суд не биле објективно оправдани во конкретниот случај. Од овие причини, Судот сметал дека овој жалбен навод е очигледно неоснован и мора да биде отфрлен во согласност со членот 35, став 3(а) и став 4 од Конвенцијата. 11. ФЕРАТИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 715 → Недопуштеност на жалбата поради непочитување на рокот од шест 716 месеци(кога жалителот го застапува адвокат, рокот од шест месеци почнува да тече од датумот на кој адвокатот на жалителот станал свесен за конечната одлука) 715 Ferati v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 21891/13, 12 June 2018. 716 Како што веќе претходно беше споменато, со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата на 1 август 2021 година, рокот од шест месеци предвиден во член 35(1) од Конвенцијата беше намален на четири месеци. Притоа, општите принципи во судската практика на ЕСЧП во однос на функционирањето на поранешното правило на шест месеци остануваат валидни и во однос на функционирањето на новиот временски рок од четири месеци. Конкретниот случај е разгледуван кога сè уште било во сила правилото на шест месеци. III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 161
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten