ЗАЕДНИЦА И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 717 → Недопуштеност на жалбата(во однос на првиот и вториот жалител) како неспоива ratione personae поради недостиг на статус на жртва → Допуштеност на жалбените наводи според член 9 и член 11 од Конвенцијата(во однос на постапката за признавање на верското здружение), со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд не претставува достапно и ефективно правно средство кое треба да се искористи во околностите на случајот) → Недопуштеност на жалбениот навод според член 6 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа) како очигледно неоснован(не е неопходно одржување на усна расправа во конкретниот случај) Кратко резиме на случајот Во овој случај Судот споил три жалби поднесени од страна на Бекташиската заедница („здружението жалител“), верско здружение кое не е признаено на национално ниво, г. Е. Б.(„првиот жалител“) и г. A. С.(„вториот жалител“). Првиот жалител е верски проповеденик и член на здружението жалител, а воедно е носител на највисоката позиција во хиерархијата на заедницата. Вториот жалител е член и претставник на здружението жалител. Настаните во врска со постапките за признавање на правниот субјективитет на здружението жалител пред домашните органи се одвивале во период од 1997-2012 година. На 31 јули 1997 година, во сила влегол Законот за верските заедници и религиозните групи, кој го заменил Законот за правната положба на верските заедници од 1977 година и предвидел дека Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи ќе биде одговорна за прашањата, кои дотогаш биле во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Комисијата потоа побарала од здружението жалител да поднесе копија од пријавата за упис во регистарот на Министерството и потврда за постојано пријавување, за да може да ги пренесе во својот регистар верските заедници и религиозните групи кои бие пријавени во Министерството за внатрешни работи. Откако здружението жалител доставило документација до Комисијата, на 23 јуни 2000 година Комисијата издала потврда, која сведочела дека на 13 јуни 2000 година здружението жалител поднело пријава во согласност со Законот за верските заедници и религиозните групи од 1997 година и каде било наведенo дека:„…бидејќи се исполнети законските услови, Бекташиската заедница на Република Македонија е пријавена.“ Исто така, меѓу другото, со писмо од 13 јуни 2002 година испратено до судечкиот суд во врска со друга постапка, Комисијата потврдила дека „Бекташиската заедница на Република Македонија[била] регистрирана...“. На 28 септември 2007 година, во сила влегол Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група, кој го определил Основниот суд во Скопје(„регистрациониот суд“) да биде надлежен за водење на Единствениот судски регистар на: црквите, верските заедници и религиозните групи. Законот, исто така, предвидел дека Комисијата 717 Bektashi Community and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , nos. 48044/10 and 2 others, 12 April 2018. III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 163
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten