2007 ; Savov and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 12582/03, 25 September 2008; и Rizova v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 41228/02, 6 July 2006). Според тоа, Судот утврдил дека испитувањето на конкретните жалби во поглед на основаноста нема да донесе нов елемент во постоечката судска практика на Судот. Следствено, Судот заклучил дека почитувањето на човековите права како што е дефинирано во Конвенцијата и нејзините протоколи не бара мериторно испитување на жалбите. Со оглед на тоа што Протоколот 15 кон Конвенцијата сè уште не бил во сила во времето кога бил разгледуван конкретниот случај, Судот, исто така, го разгледал и прашањето дали предметот бил соодветно разгледан од страна на домашниот суд 720 и заклучил дека конкретните жалби биле соодветно разгледани од домашен суд, во согласност со значењето на членот 35, став 3(б) од Конвенцијата. Во овие околности, со оглед на тоа што биле исполнети условите на критериумот за значителноста на штетата, Судот ги прогласил жалбите за недопуштени според членот 35, став 3(б) и 4 од Конвенцијата. 14. ЗИБЕРИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 721 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводи за недостаток на непристрасност на вештаците) поради очигледна неоснованост (не е прекршен принципот„еднаквост на оружјето“). Кратка содржина Случајот започнал со поднесување на шест одделни жалби, од страна на шест жалители, кои Судот одлучил да ги спои, со оглед на тоа што произлегувале од настаните поврзани со полициската операција„Планинска бура“, која се одвивала на 7 ноември 2007 година во селото Бродец. Целта на операцијата била апсење на група осомничени терористи. За време на интервенцијата, дошло до вооружена престрелка помеѓу полицијата и осомничените, при што неколку лица биле убиени. Настанот добил голем медиумски публицитет и набргу станал предмет на јавна дебата и политички интерес. Во текот на полициската акција, шесте жалители биле приведени, по што против нив било покренато обвинение за: учество во терористичка организација и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи. Според обвинението, жалителите биле дел од организирана група чија цел била предизвикување несигурност кај граѓаните и загрозување на уставниот поредок на државата. Увидот бил документиран со видеоснимка, која подоцна била презентирана како доказ во кривичната постапка против жалителите. При увидот на лице место, извршен од истражен судија, било пронајдено значително количество оружје. Истражниот судија наредил криминалистичко вештачење од Бирото за криминалистичка техника при Министерството за внатрешни работи („МВР“), со цел да се утврди видот и потеклото на оружјето, како и присуството на барутни честички на облеката и телата на приведените. 720 Ibid . 721 Ziberi and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 52874/10 and 5 others, 23 May 2017. III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 171
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten